2win800x200

Трибина за Хераклеја Линкестис: Диви градби веќе не ќе може да се градат до локалитетот

Октомври 02, 2018

 

Градбата на диви објекти во околината на археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис во иднина ќе биде максимално лимитирана, а на земјоделските површини ќе биде дозволено само копање до 40 сантиметри длабочина. Овие мерки се дел од режимот за заштита што го доби локалитетот откако пред неколку месеци беше прогласен за културно наследство од особено значање , а во поткатегорија од големо знаење. Освен режимот на заштита, јасно ќе се одредат и границите на локалитетот и на контактната зона.

 

Со години наназад на територијата околу Хераклеја, кај месноста наречена Сива вода, никнуваат диви градби како викендици, а археолозите во повеќе наврати реагираа дека тие делови не се доистражени и и на овој начин се деградираат. Со новиот режим на заштита во контактните зони веќе не смее да се градат објекти, индустриски капацитети, инсталации и антенски столбови.

„Бесправните објекти во иднина ќе бидат максимално лимитирани. Оние кои се веќе подигнати ќе бидат предмет на разгледување, некои можеби и ќе добијат одобренија за легализација, но некои можеби не , се зависи од местоположбата, близината на границите на споменичната целина и други фактори. Земјоделието ќе остане такво какво што е, засега не се забележеани некои длабоки копања. Во земјоделското земјиште ќе остане дозволено до 40 сантиметри обработка на земјиштето“, рече Данче Голубовска од Управа за заштита на културното наследство на денешната трибина „Грижата за Хераклеја Линкестис денес, гаранција за утре“ што се одржа во битолскиот Завод и музеј.43006805 183829839101615 8887651696210083840 n

Археолозите од битолскиот Завод и музеј велат дека грижата за Хераклеја Линкестис од страна на стручните лица е константна и секогаш зависи од финансиските средства кои државата може да ги дозволи.

„Со новиот Закон за заштита на спомениците на културата и со Законот за ревалоризација на веќе постоечките споменици на културата, Хераклеја Линкестис како категорија на вредно културно наследство си го најде своето место во државата и државата се обврзува да поведе посебна сметка за овој локалитет“, рече археологот Енгин Насух.

- Со добивањето на статусот за споменична целина од особено значење со подкатегорија големо значење, Хераклеја добива трајна заштита за идните поколенија. Во рамките на средствата се вршат истражувања, меѓутоа многу значаен сегмент при овие истражувања е и конзервацијата на веќе откриени објекти“, рече археологот Аница Ѓоргиевска.42992915 568068060285150 2667684559268610048 n

Директорката на битолскиот Завод и музеј Мери Стојановска рече дека трибина посветена на стекнатиот статус на заштитино културно добро на локалитетот Хераклеја Линкестис е дел од прославата на Европските денови на културното наследство кои во Македонија се одбележуваат преку различни настани од 1996 година.

„Нашата институција во прославата на овие денови се вклучува во поголем број на манифестации од кои дел е и денешната тринина. Таа е посветена на пошироката јавност и на запознавањето на што тоа подразбира режимот на заштита на самиот локалитет и е од интерес на сите граѓани“, рече Стојановска.42943247 329080537851540 1981164097479114752 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани