2win800x200

Мерцедес удрил во возила на УЈП, едното го превртел во Драгор, другото го оштетил

Октомври 07, 2018

Возило на Управара за јавни приходи од Битола отпревртено е во реката Драгор во близина на управната зграда на УЈП, а друго на паркингот крај реката е удрено и оштетено, дознава Апла.мк

Возилото ,,фијат панда" што се наоѓа во Драгор е отпревртено на покривот, искршена е каросеријата, а внатре се гледаат и документи. 

Другото оштетено возило е на паркингот крај реката и од удар на друго возило е поместено од првичното место каде што било паркирано. 

 43372256 242356266635975 6295392320346914816 n7

На неколку метри под него има и други службени возила од УЈП ,,фиат панди". Во близина е и зградата на Управата за јавни приходи во Битола, па вработените возилата ги паркираат на паркингот крај реката. 

Утрово таму увид вршеа и лица вработени во УЈП.

Од СВР Битола за Апла.мк изјавија  дека утрово имало сообраќајна несреќа, при што „мерцедес“ со битолски регистерски таблички удрил во двете паркирани возила, по што едното се отпревртило во реката, а другото останало на паркингот. Од полиција велат дека нема жртви и повредени туку причинета е само материјална штета.

Пред три години непознати лица им ги имаа издупено гумите на возилата на УЈП додека беа паркирани пред старата дирекција во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани