2win800x200

Градоначалничката Петровска останува отворена за разговор со превозниците, но не отстапува од ставот да се изнајде соодветно решение за училишниот превоз

Октомври 08, 2018

Градоначалничката Наташа Петровска денеска рече дека останува отворена за разговори со превозниците, но нема да прифати условувања, ниту пак да отстапи од некои ставови што ќе значат решение за училишниот превоз.

-Останувам отворена за секакви дискусии, но останувам на својот став дека нема да дозволам никакви условувања и нема да дозволам ништо што би било на штета на учениците. Иако во овој момент изгледа дека некој ги оставил учениците без превоз, учениците се оставени во училиштата без нормални услови поради нешто што се случувало години наназад, јас кажав дека конечно  на тоа треба да му се стави крај, некои работи треба да се регулираат, така што останувам отворена, но непопустлива во некои ставови кои што чинам дека се вистинска насока по која треба да се движиме, рече Петровска.

Изјавата ја даде по протестот на превозниците, кои утрово ги паркираа автобусите пред општинската зграда и одлучија да не ги возат редовните линии и да не превезуваат ниту патници, ниту ученици, револтирани што не биле консултирани за новиот тарифник на Општината со кој цените на билетите за учениците се изедначуваат со оние за патниците. Општината пак одлучи да ги повлече од дневен ред на денешната седница на Советот  точките за усвојување на тарифникот и начинот на организрање на училишниот превоз, што значи усогласување со измените на Законот за превоз на патници донесен во Собранието на РМ. За повлекувањето на точките вчера биле известени и превозниците, но не се откажаа од протестот. Петровска рече дека со превозниците на официјален состанок разговарала на 10 септември, но иако побарала од нив предлози и сугестии, не добила одговор од нив.

-На почетокот на септември ги повикав превозниците на официајален состанок во Општината. Побрав да предложат нивни претставник кој ќе биде дел од комијсата која ќе ги мери километрите на релациите, бидејќи имаше забелешки дека не се соодветни на дадените релации, но не испратија претставник. На тој состанок побарав доколку имаат сугестии да ги достават на писмено, но , ниту на тоа не добив повратен одговор. Во меѓувреме беше формирана комисија која работеше на тарафникот, а материјалот кој што беше подготвен беше доставен до Советот минатиот понеделник кога се знаеше и дневниот ред. Како градоначалник првото писмено обраќање од превозниците го добив во петокот пред завршување на рабтното време. Вчера, во неделата, откако размислив за нивните сугестии во насока на тоа дека има потреба од доплнителни консултации со превозниците, во име на транспарентност и отвореност на Општината, телефонски им се јавивме на сите и им кажавме дека точката ќе бид повлечена од дневен ред за да се даде време да се дискутира  и  да се најде најдоброто решение. Утринва беа известени и на нивните меил адреси дека точката ќе биде повлечена од дневен ред. Но, за жал и покрај тоа,  тие одлучија ова утро да не ги превезуваат ученицте,  иако имаат обврки со договорите кои ги имаат склучено, рече Петровска

На обвинувњата на некои превозници, дека Петровска нелегално испратила автобус утрово да ги превезува учениците на училиште, таа рече дека нема да ги остави на улица затоа што превозницте не го почитуваат догворот за превоз на ученици.

-Општината има свое превозно средство, регистрирано, вработен шофер со дозвола и нема да дозволам учениците да седат на улица. Ќе го вложам максимумот и работам во таа насока и моја обврска е следните денови учениците да не останат без превоз до училиште. Она што го направив не е незаконито, не се превезуваат други патници, туку исклучиво ученици за да дојдат до своите училишта чиј основач е Општина Битола, рече Петровска

За барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ,  Општината да им ги рефундира парите на оние родители кои сами си го плаќаат превозот на ученицте до училиште, градоначалничта рече дека се разгледуваат сите законски можности кои ќе бидат проследени до општинскиот Совет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани