Автобуси на МИГ травел вечерва се паркирани пред општинската зграда

Октомври 08, 2018

Неколку  автобуси на МИГ травел од Битола , вечерва се паркирани на улицата „Булевар 1 ви Мај“, веднаш наспроти општинската зграда па се до зградата на Ректоратот.

МИГ травел не учествуваше во протосетите на 9 превознички фирми кои утрово во знак на револт против новиот тарифник на Општина Битола, одбија да возат на редовните линии, поради што без јавен превоз остнаа и учениците и патниците.

Зошто дел од возниот парк на МИГ травел вечерва е паркиран пред зградата на Општина Битола, апла.мк повеќе информации ќе обезбеди во текот на утрешниот ден.

Иако денеска новиот тарифник и организрањето на училишниот превоз, требаше да се донесе во општинскиот Совет, сепак Општината времено ги повлече точките од дневниот ред, со образложение дека остваат простор за дополнителни консултации со превозниците.

Тие и покрај повлекувањето на точките од дневен ред не се откажаа од протестите, а градоначалничката Наташа Петорвска, изјави дека со ова превозниците не ги испочитувале обврските од склучените договори и додаде дека работи на изнаоѓање на решение за новонастанатата ситуација..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани