2win800x200

Битолчанката Ангела Каранфилова наградена за најдобар индивидуален цртеж во Португалија

Октомври 19, 2018

 

17 годишната битолчанка Ангела Каранфилова наградена е за најдобар индивидуален цртеж на Интернационалната ликовна колонија за млади „Евора 2018“ во Португалија. Колонија се одржа од 7 до 14 октомври годинава, а на неа Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола го претставуваше ученичката Ангела Каранфилова заедно со менторот Елена Хаџи Антонова. Младата и талентирана Кранфилова прво на конкурсот за оваа Колонија се здоби со златна медаља, а Студиото од Битола со учество на Колонијата.

„Оваа година во Португалија учествуваа десет екипи од светот со околу 50 деца кои ја сликаа тамошната архитектура. Колонијата има натпреварувачки карактер, а нашата претставничка Ангела Каранфилова достојно ја претстави Битола и Република Македонија. За тоа доказ е и наградата за најдобар индивидуален цртеж - HONORABLE MENTION FOR BEST INDIVIDUALL WORK што и беше доделена“, рече менторката Елена Хаџи Антонова.

Инаку ликовната колонија во Португалија е направена по теркот на Малиот битолски Монмартр од Битола. Пред дваесетина години ликовни педагози со деца од Португалија учествуваа на колонијата во Битола, идејата и мисијата на овој настан толку многу им се допадна што истата идеја ја реализираа кај нив во Евора. Освен во Португалија, колонија по теркот на битолската се одржува и во Хонг Конг..44308760 484776105266521 6221308442343112704 n

44313020 674328496282317 5777101226416013312 n

44288469 1868168613278272 909251160748064768 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани