2win800x200

Изложба во МКЦ : Иконите на Бобек инспирирани од ретки иконoписи во Слепченскиот манастир

Октомври 29, 2018

Реплики на ретки икони кои го краселе само манастирот во Слепче насликал познатиот ликовен уметник од Демир Хисар, Љубе Неделковски –Бобек. Меѓу нив се иконите на Богородица Троеручица, која пак ја има само на манастирот во Хилендар и во Слепче. Но, македонската икона е однесена во Музејот во Скопје и таму се чува, а Бобек насликал икона како онаа слепченската, давајќи свој уметнички белег во сликањето..

 

Оваа икона беше дел од педесетина икони и други уметнички дела изложени вечра вечер во Младинскиот културен центар во Битола, со што уметникот Неделковски одбележа три децении ликовно творештво и остварени над дваесет изложби.богородица троеручица

„Богородица Троеручица е единствена икона која ја имаа манастирите во Слепче и на Хилендар. Оригиналната икона е во Хиландар во Грција, но таа не била вака со три раце, туку едната рака била аплицирана во метал. Другата таква икона во манастирот во Слепче ја насликал некој монах кон крајот на 16 век, на неа Богородица е со три раце. Таа од Слепче е однесена во Музејот во Скопје, па и јас одлучив да ја насликам. Истото е и со Богородица Патеводителка и таа е во Музејот во Скопје, но оригинлната потекнува од манастириот од Слепче“, вели Неделковски.45011717 1259517000856460 7612073098224861184 n

Според преданијата, Света Богородица Троеручица била насликана од свети Јован Дамаскин во благодарност на Пресвета Богородица за чудесното исцелување на неговата десна рака, отсечена по клевета од царот Лав Исавријан. Свети Јован ја ставил раката на местото каде што му била отсечена и паднал на земјата пред иконата на Богородица молејќи се да ја излекува раката. Разбудувајќи се од сон, свети Јован видел дека раката била неповредена. Во благодарност за ова исцеление, свети Јован на иконата ставил уште една рака од сребро, поради што иконата го добила името “Троеручица.”

Инаку, токму Слепче и манастирот „Св. Јован Претеча“ кој пред неколку години прослави и 1000 години постоење се едни од главните инспирации во творештвото на Бобек.

„30 години професионално се занимавам со сликарство. Работам со маслена техника и сликите мои се на природни материјали, дрво, керамика, камен и масло на платно. Мојата галерија и атеље се наоѓаат во Демир Хисар, таму творам и изложени се моите слики. Тешко е да се остане оригинален денес , да бидеш автентичен во сегашниот свет е многу тешко. Моите фреско икони што ги работам ги правам на посебен малтер, на камен, имам посебна подлога за дрво, а посебна за керамика“, рече Неделковски.

Освен икони беа изложени и други негови уметнички дела. Иако имал можност да замине во странство, Неделковски останал да живее и твори во родниот Демир Хисар.44972005 878540319201741 9195872271791554560 n

„Ова е исклучителен настан бидејќи Љубе Неделковски Бобек е еден редок уметник, неговата уметност е автентична и уникатна по многу нешта бидејќи тој не само што три децении твори и прави дела од ислкучителна возжност туку е и вистински печат на средината од каде што доаѓа. Слепче и Демир Хисар се колевка на безброј уметници кои се исклулително успешни , а делото на Бобек стигна многу далеку, надвор од границите на нашата држава“, рече Сашо Додовски од Младинскиот културен центар од Битола.45007922 212316366185483 2117124826287046656 n

На отворањето на изложбата присуствуваше и градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски кој рече дека по број на уметници што го дал Демир Хисар споредено со глава на жител, предничи во Македонија. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани