2win800x200

Битола го чествува 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот

Ноември 04, 2018

Битола денеска го чествува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, а по тој повод градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, делегациите на збратимените градови Епинал од Франција, Стари Град, Србија и Плевен, Бугарија, општинскиот Сојуз  на борци, претставници на локалната смоуправа, советниците од Советот на Општина Битола, претставници на политичките партии и невладини здруженија денеска положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура во Битола.

 

-Нека ни е честит 4 Ноември, празникот на градот, Денот на ослободувањето на Битола, ден на кој треба уште еднаш да се потсетиме дека денешницава е нашето време и дека токму со оставње трага  во нашето време ќе продолжиме да го негуваме она што вложиле тие со своите животи. Сакам да истакнам особена благодарност до нашите збратимени градови кои дојдоа со свои делегации да одададат почит на  овој празник, но и на нашите предци, изјави градоначалничката Наташа Петровска.

Во името на делегациите на збратимените градови се обрати градоначалникот на Плевен, Бугарија, кој покрај честитеките за Денот на ослободувањето на Битола посака Македонија што поскоро да биде дел од еропското семејство.

-На сите битолчани им посакувам градот да има добар развој, да имате  успех и среќа и да одите напред. Бугарија ја поддржува Македонија во процесот за евроинтеграција, затоа што стабилана Македонија е најдобро за Балканот. Ако соседот е добар, тогаш сите сме добри, ако има проблеми кај соседот ти не можеш да бидеш радосен. МНогу е важно Македонија која не е од вчера во Европа, да биде член на сесмјтсвото на европските народи, рече Ѓорѓ Спартански, градоначалник на Плевен, Бугарија.

Деновиве по повод празнкот на градот се одржаа голем број настани и активности, а празнувањето завршува вечерва со свечена седница во Народниот театар, каде ќе бидат доделени 4-то ноемвриските награди на годинешните лауреати

thumbnail 2

thumbnail 4

 

thumbnail 1

thumbnail 3

thumbnail 6

thumbnail 8

thumbnail 9

thumbnail

thumbnail 7

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани