Ноември 13, 2018

Тајниот код на марихуаната испишан на споменикот „Ангел“, бранителот Гилевски го избриша

Ноември 06, 2018

Споменикот на бранителите„ Ангел“ кој се наоѓа во паркот кај градскиот часовник деновиве е сквернавен со графит на кој е испишан бројот 420 кој всушност е код на марихуаната. Битолчани реагираат што на ваквов начин се уништува  спомен обележјето подигнато во чест на 7те мина бранители кои ги положија своите животи на браникот на татковината во конфликтото во 2001 година, а кои потекнуваат од Битола и битолско.

И преживеаните бранители жестоко реагираат на ваквиот вандалски чин.

-Исчкртаниот споменик го видов вчера додека на ученици од основно училиште и нивната наставничка им раскажував за она што се случуваше во 2001 година. Навистина е тажно на овој начин да се уништува споменикот на бранителите кои учествуваа и загинаа бранејќи го суверенитетот и интеритетот на нашата држава, тие не го заслужуваат ова. Сквернвењето е лош пример за младите, кој упатува на непочитување на вистинските вредности и непочитување на овие луѓе кои ги положија своите млади животи, изјави за апла.мк, Сашо Гилевски, преживеан бранител од конфликтот во 20001 година кој ги извлекуваше мртвите тела на своите соборци.

Гилевски попладнево го избриша графитот од споменикот и на својот фејсбук профил порача „кои и да сте немојте да гибате по моштите на моите браќа колеги кои го дадоа својот живот во 2001 година, не ми беше тешко го исчистив сам“.45483020 501598067007451 2324331142615924736 n

Битолчани бараат полицијата да ги открие и казни  строителите.

angel2

Истиот симбол е испишан на многу места низ градот, меѓу кои и на партизанската плоча кај Стара Болница каде што порано бил озлогласениот бугарски затвор каде биле мачени многу од борците за слобода за време на НОБ. 45491552 2149668445246100 9222241244980183040 n

Инаку познатиот код 420 означува глобално движење, односно Светски ден на канабисот и се одбележува на 20 април со протести за негова слободна употеба. Постојат повеќе теории за потеклото на овој симбол кој се поврзува со марихуаната, а најприфатена е онаа која се смета дека станува збор за шифрата 4:20. Во почетокот на 70-тите години од минатиот век група од неколку средношколци од Сан Рафаел во Калифорнија започнуваат да ја употребуваат оваа фраза како таен код, на тој начин договарајќи се дека ќе се чекаат после часовите со џоинт пред статуата на Луј Пастер во 4,20 часот.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани