Ноември 13, 2018

Најголемата тајна на економската моќ на Германија е стручното образование, рече заменик амбасадорот на Германија при посетата на Техничкото училиште во Битола

Ноември 07, 2018

Кабинетите по физика и практична настава - електроенергетика во Техничкото училиште ,,Ѓорѓи Наумов“ од Битола кои се опремени со грант од германската амбасада, денеска ги посети заменик амбасадорот на СР Германија во нашата држава , д-р Петар Шалер, симболично предавајќи ги во употреба.

Грантот од Амбасадата изнесува 5500 евра, додека помошта  од Општина Битола за докомплетирање на кабинетите е во висна од 230 000 денари. Професорката по физика Донка Наумовска пред заменик амбасадорот демонстрираше како се користат дел од нагледните средстав во кабинетот  по физика.

-Многу сум среќен денеска што сум во посета на Техничкото училиште во Битола, овде го поддржавме финансиски опремувањето на давата кабинета и тоа го сторивме од нашиот фонд, за мали грантови. Со наши средства на Амбасадата, го сторивме тоа зошто прокетот  беше многу добро подготвен и што гледаме многу смисол во понатамошната сртучна обука на учениците. Најголемата тајна на економската моќност на Германија е токму стручното образование . Таа комбинација од универзитетско и стручно образование би сакале да се практикува и во Македонија. Образованието е чувствителен сегмент во секоја држава и сметаме дека е добро што даваме придонес во оваа област, рече заменик амбасадорот на СП Германија,  д-р Петар Шалер  при посетата на новите кабинети во Техничкото училиште.   

Општина Битола се вклучи во проектот оценувајќи дека е важен момент во образованиот процес во градот.

-За добар воспитно-образован процес за вистинска успешна настава секако нјапотребно нешто се нагледните средства, така  се подига интересот на учениците,  но и можноста директно да ги гледаат  појавите и процесите кои треба да ги стекнат како теоретско знаење преку практично согледување на нештата. Овој ден е значен за воспитно-образованиот процес во нашата општина , рече градоначалничката Наташа Петровска.

Директорот на СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов" Владимир Роме, рече дека се прават напори да се подобрат состојбите и условите за настава во Техничкото училиште за што се  лобира да се искористат сите расположливи ресуси  на Општина Битола ,  на приватни форми и странски донации.

-Денеска ми е чест што ги пуштаме во употреба овие два кабинети , искрена благодарност до амбасадата на Германија и Општина Битола . Донација е сосема доволно за да опремиме  два кабинети со нормални услови з аработа и учениците да се стекнат со знаења преку квалитетна опрема која ќе може да ја применат во практични цели. Кабинетите се со доста опремени нагледни објекти во кои што учениците ќе можат да го најдат своето креативно во себе и да постигнат подобри резултати во наставата. Кабинет по физика немавме, опрема никаква, наследивме ужасна состојба во образованието , гледаме дека можеме и поинаку се трудиме   да ги искористиме сите ресурси на општината и нашите познанства со фирми низ градот и амабасадите, кои ни излегуваат во пресрет, рече директорот на СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов" Роме.

Прокетот го координираше професорката Билјана Маринова, која целосно се посветни и на неговата реализацијата.

-Изразувам огромна благодарност до Амбасадата и до сите соработници коишто многу помогнаа во подобрувањето на условите за настава за нашето училиште.  Благодарност и до општина Битола , рече Маринова.

Средното општинско техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов“ од Битола во јуни годинава го доби грант од Амбасадата на Германија за опремување на дел од училишните кабинети.

45546567 361602664582537 2116984350791696384 n

45517244 369590606945666 5193871919186706432 n

45551148 456186161578033 1457651074935554048 n

45696692 1019022034963214 1038557864228028416 n

45586112 352254708879297 4792453001413394432 n

45647044 394979887706767 1893595538289328128 n

45657094 329124787865343 5896629680932388864 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани