2win800x200

АД ЕЛЕМ од утрово во голема акција за подигање на заштитен појас со 50 000 багреми кај РЕК-Битола (фото галерија)

Ноември 11, 2018

АД ЕЛЕМ денеска започна голема акција за подигање на заштитен појас околу РЕК Битола во која  се садат  50 000 багремови садници. За две години според најавите од менаџментот  ќе бидат засадени 150 000 садници од багрем.

На денештото пошумување присуствува генералниот директор на АД ЕЛЕМ  Драги Миновски, директорот на РЕК-Битола  Васко Ковачевски, градоначалничката на Битола Нашата Петровска , советници, директори на јавни претпријатија и фирми, стопанственици, граѓани. На пошумувањето на се појавија советници од опозициските партии и воопшто претставници на опозицијата и невладини организации иако беа поканати. Присутни беа претставници само на една невладина организација од Новаци, но ниеден од Битола. 

Акција за засадување на 50 000 багремови садници започна денес на потегот од рудникот Брод Гнеотино кон Новаци, поточно во околината на РЕК. Во следните две години се планира да бидат вкупно засадени 150 000 садници со што околу Комбинатот ќе се создаде зелен појас за да го намали загадувањето од РЕК врз животаната средина.

Директорот на ЕЛЕМ, Драги Миновски, изјави дека продолжуваат и со други еколошки проекти.

„Ние продолжуваме во делот на нашите еколошки акции и заштита на животната околина. Во следниот период за еден месец ќе го пуштиме во работа системот за отпепелување во РЕК, тоа што го ветивме во претходниот период , веќе сме во завршна фаза од системот за водено отпепелување во РЕК. За следната година предвидено е да се реализира и проектот за реконструкција на електростатсики филтри на РЕК што не е направено од 1996 година. По завршувањето на тоа следува фаза на десулфуризација на РЕК, долгогодишен проект согласно А интегрираната дозвола која е во подготовка ја чекаме во следниот период да биде издадена“, рече Миновски.

45867183 717182388644672 4545223366616809472 n

45876454 446847012507244 8687927479198810112 n

45690762 283140565659099 4194943529220308992 n

45813987 263062621074176 1631168930514993152 n

45822218 579652459140874 5137983171916201984 n

45868700 772491123100684 6707678059429888 n

45872149 351637492252118 7304134268203040768 n

46001269 517613572046908 4465655923477577728 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани