2win800x200

АЖДЕРОТ ЗАМИНА, А АЖДЕРИЗМОТ ПРЕЖИВЕА, РЕЧЕ МИЛЧИН

Ноември 16, 2018

Аждерот замина, а аждеримзот преживеа, вака режисерот Владимир Милчин преку една реченица ја претстави темата на новата премиера „Аждер“ што на 20 ноември ќе се игра на сцената на Народниот театар во Битола.

 

Претставата е работена по текст на Евгениј Шварц и за првпат се поставува во македонски театар, а Мичин рече дека иако напишана во 1943 година, актуелна е и денес. Според него сличноста е во оптимизмот што владееч на крајот од Втората светска војна со онопј што постои во овој век дека иднината е гарантирана.

„Но, изгледа пред време сме се израдувале и веројатно сме се опуштиле затоа може да ни се случува аждерите да ни се повторуваат. Претстава треба да нѐ потсети дека како луѓе немаме право да се опуштиме, дека ниту една победа не е дефинитивна, дека победата треба да се изнесе, дека не смееме да се заборавиме и да се опуштиме ако навистина сакаме да живееме во општества во кои владее хуманост, слобода, право, демократија. Треба да се убие аждерот во сите нас инаку аждерите ќе реинкарнираат, ќе се појавуваат одново и одново“, рече Милчин.

Запрашан дали аждеризмот и груевизмот имаат врска, Милчин додаде дека очигледно е оти повторувањето за жал не се докажало дека е мајка на учењето зашто да беше така немаше да се повторува повторувањето.

„Јас не верувам во метафизика и не мислам дека тоа е проклетство од некаде од надвор за да ни се повторуваат работите, тоа е аждеризмот во нас. Најнесреќен ќе бидам ако некои гледачи си заминат рамнодушни. Оваа претстава е правена да ја разбие рамнодушноста, силата на инерцијата, оти инерцијата е подлога за тоа да ни се повторуваат лошите работи, за добрите треба да се избориме“, рече Мичин.

Ова е амсамбл претстава со 24 актери на сцена и се изведува во чест на 74 години постоење на Битолскиот театар. Аждерот го игра Мартин Мирчевски, Ланселот Огнен Дранговски, Градоначалникот Марјан Ѓоргиевски, неговиот син Хенрих актерот Никола Пројчевски и ред други актери.

„Играм едно многу расипано створење, веројато ќе ве потсети на некој. Ќе завршам со една реплика која е страшна, се случува сега, а ја изговара претседателот на слободниот град. Вика да се правиме дека ништо не се случува. Мислам дека сега ние се правиме дека ништо не се случува само по некогаш гугнуваме на фејсбук по нешто, а во суштина ништо не правиме. По битолски се правиме на Тошо“, рече актерот Никола Пројчевски.

Актерката Викторија Степановска Јанкуловска рече дека го игра ликот на Елза, девојката која е жртва на аждерите, а нејзиниот карактер ја потсетувал на многумина од сограѓаните.

„Нејзиниот лик ме потсетува на многу млади луѓе од нашата земја, кои се обидуваат на некој свој начин да се изборат со она што се случува и на крајот не се доволно силни. Начинот на кој таа ја губи битката и се помирува, начините на кои младите луѓе кај нас се помируваат со она што им се случува се различни , но подеднакво трагични“, рече актерката Степановска – Јанкуловска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани