2win800x200

Албанскиот претседател Илир Мета во посета на Битола, а медиумите неизвестени

Ноември 18, 2018

Претседателот на Република Албанија Илир Мета два дена бил во посета на Битола по повод 110 годишнината од албанската азбука, а националните и локалните медиуми не беа известени за тоа. На својата фејсбук страница претседателот објави фотографии од неговата посета на Музејот на албанската азбука во Битола, како и на селото Меџитлија.

 

При посетата на Музејот во Битола фотографиран е со дечиња со книги, а под фотографијата напишал дека извонредно е чувството да им се донира на дечињата Албанчиња во Битола, каде што се роди азбуката на најубавиот јазик на светот..

Исто така има објавено и фотографии од средбата со жителите на селото Меџитлија. Под нив напишал „заедно ја делиме желбата дека подобри времиња доаѓаат за нив, со новите изгледи за членство во НАТО на Македонија и преговорите за ЕУследната година“. Воедно упатува и благодарност до сите оние кои останале во тешките времиња да го чуваат националниот јазик, чија азбука била основана во Манастир за да се обединат Албанците насекаде.

Мета се фотографирал и покрај чешма со кисела вода во Меџитлија.

Новинарите од Битола не знаеја дека толку висок политичар е во посета на нивниот град, па претпоставуваат дека најверојатно не беа ни известени за да не се поставуваат прашања.

Дел од македонскиоте портали и телевизии попладнево повикувајќи се на албански медиуми пишуваат за наводна можна замешаност на албанскиот претседател, Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија во бегството на екс премиерот Груевски преку Албанија.

Дека претседателот на Албанија присуствуваше во Битолскиот Регион потврда имаме и од Битолската полиција. Дознаваме дека Мета пред неколку часа ја напуштил Битола.46429153 2008054619240801 5611773431088414720 n

46473282 2008956472483949 8814376216950734848 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани