2win800x200

Невремето најмногу проблеми во снабдувањето со струја предизвика во Битолскиот регион

Ноември 19, 2018

Вчерашното невреме проследено со силни врнежи од снег најголеми проблеми во снабдувањето со електрична енергија предизвика во Битолскиот регион, информираат од ЕВН. И натаму без струја се неколку градски населби, како и повеќе села во Општина Битола, а струја нема и во селата во Новаци, Демир Хисар, Прилеп, Маврово, Кичево.

-Поголемиот дел од дефектите се во регионот на Битола, претежно во планинскиот дел каде што прекините се предизвикани од кинење на проводниците од паднати дрва кои не можеле да ја издржат тежината на снежните наноси. Дефектите беа локализирани, тимовите на ЕВН за интервенција веднаш почнаа со работа на терен, вели Атанас Ковачевски, портпарол во  ЕВН.

Струја од вчера нема во потпелистерските села Дихово и Брусник, како и  во речиси сите погранични места Породин, Велушина, Лажец, Егри, Кишава, Граешница, потоа  во Цапари, Карамани, Трн, Долно Оризари.

-Веќе се организирани дополнителни тимови од Струга и Охрид кои во тешко пристапниот терен  работат за што побрзо отстранување на дефектите во планинските населени места во Битолскиот регион, наведуваат од ЕВН

Исто така невремето без  електрична енергија ги остави жителите во повеќе населени места во Општина Новаци- Добромири, Будаково, Агларци, Мусинци, Бач, Гермијан и др. 

Битолчани на социјалните мрежи жестоко реагираат, посебно оние кои се затоплуваат на електрична енергија, затоа што без струја се веќе 24 часа. До редакцијата на апла.мк има реакции и од жителите во руралните средини, посебно сточарите, чии фарми не можат да функционираат без електрична енергија, затоа што и млиновите за сточна храна, како и молзењето на кравите се извршува со електрични уреди.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани