2win800x200

„Комуналец“ во акција за расчистување на искршените гранки од уличните дрвја

Ноември 20, 2018

Екипи на ЈКП „Комуналец“ од утрово се во акција за собирање и расчистување на скршените гранки од уличните дрвја.  Вработени со трактори ги собираат гранките и ги расчистуваат пешачките премини и паркинг местата вдолж сообраќајниците и помалите улици во градот.

 

Снежните врнежи завчера предизвикаа кршење на гранки од улични дрвја, а навалија и бандери низ повеќе улици во Битола.

Искршени  гранки се струполија врз две возила во центарот на градот кај поранешен ЈАТ, искршени гранки имаше  и на Широк Сокак,  на улиците „Иван Милутиновиќ“ „Солунска“,„ Партизанска“, како и на градското шеталиште. 

Гранки оптежнати од влажниот снег се струполија и врз возила кај Камен Мост, а гранки од друго дрво пак, паднаа врз тенда на слаткарница на Широк Сокак.

received 2426808177545789

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани