2win800x200

НА 40 РОДЕНДЕН ЈП „СТРЕЖЕВО“ ВОВЕДЕ СОВРЕМЕН ВИДЕО НАДЗОР ВРЗ ЦЕЛИОТ СИСТЕМ

Ноември 26, 2018

Современ Центар за динамичка регулација и видео надзор врз сите објекти и зафати воведе ЈП „Стрежево“ на 40 роденден од постоењето на ова претпријатие. Со овој надзор претпријатието ќе има 24 часовен мониторинг и контрла врз сите објекти и зафати кои се во нивна надлежност, започнувајќи од зградата, стопанскиот двор, рибникот, зафатите, дури до најоддалечните точки кај грчка граница. На отворањето на Центарот кој е сместен во просториите на претпријатието, денес присуствуваа вработени, експерти од оваа област, директори, партеници и други гости.

 

„Отворивме центар за видео надзор, односно го осовременивме постоечкиот компјутерски центар, и од најдалечната точка, односно 40 километри од браната до грчка граница, ќе имаме можност преку видео надзор да ја пратиме целата техника и технологија што значи и последниот зафат од хидро системот ќе ни биде обезбеден со видео надзор“, рече директорот Менде Граматковски.46828851 358590384703813 7933625522876055552 n

46826214 1194073954090518 3721149288613412864 n

47022414 579576159139741 9135902429416521728 n

Граматковски изјави дека во хидро системот имаат околу 75 милиони кубни метри вода, па ќе има доволно вода за сите водокорисници.

„Со домаќинско и рационално трошње оваа година успешно ја завршивме сезоната. Во јуни имавме 105 милиони кубни метри вода, а сега 75 милиони кубни метри вода. Сите водокорисници на време беа услужени и за идната година се подготвуваме, па корисниците не треба да имаат грижа, ќе има вода за сите водокорисници. Во овој момент вода се испорачува за РЕК Битола, ЈП Водовод и индустријата“, рече Граматковски.46977867 345018826284222 1700089802562469888 n

Тој во придружба на пратеникот Александар Кирацовски и директорот на ФОД Методија Тасевски ја посетија и браната крај село Црнеец. Кирацовски изјави дека Стрежево е еден од најзначајни објекти во земјава бидејќи хидро системот со пивка вода ја снабдува Битола, битолските граѓани, битолската околија, со технолошка вода македонскиот најголем енергетски комбинат РЕК Битола заедно со останатите околни фабрики. ЈП Стрежево обезбедува живот за Битола и битолската околина, рече тој, па вети дека стои на располагање да помогне во натамошниот развој на претпријатието.46702603 257020751660918 5622110330743160832 n

„ЈП Стрежево е едно од најзначајните претпријатија во оваа околина, еден од најголемите капитални објекти којшто има влијание и врз туризмот и врз енергетиката и врз земјоделието и врз човековото живеење тука. Како пратеник и како генерален секретар на најголемата владеачка партија стојам комплетно на располагање и ќе настојувам ова јавно претпријатие да се зачува комплетно, да се работи домакински, особено како во последната година и половина, и да се унапредува максимално можно“, рече Кирацовски.46760642 357261195034514 5086466069992833024 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани