Груевски во овој момент е исто опасен за Македонија како кога беше премиер, рече Кирацовски

Ноември 26, 2018

Никола Груевски мора да биде вратен во државата и ќе биде вратен. Тој во овој момент е исто толку опасен за Македонија како и во моментот кога беше премиер, рече пратеникот и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски.

 

„И Владата на РМ и надлежното Министерство за правда ги прават сите напори Никола Груевски да биде испорачан назад во Македонија согласно меѓународните договори и конвенции. Се надевам и убеден сум дека Унгарија ќе го направи тој чекор и ќе го испорача Никола Груеваски назад во нашата држава каде ќе ја отслужи и правосилната казна, но и сите оние кои евентуално би му следувале. Тој мора да биде вратен во државата и ќе биде вратен. Никола Груевски во овој момент е исто толку опасен за РМ исто како и во моментот кога беше премиер на РМ. Тој поради функцијата, која за жал ја имал 11 години, во себе ги содржи сите клучни информации, доверливи информации и документи, сѐ она што го сочинува нашето општество. Поради тие прични ние мора да ги направиме сите клучни чекори и убеден сум дека ќе успееме Никола Груевски да биде час поскоро испорачан во Македонија“, рече Кирацовски.

За предлог законот за амнестија што го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а парламентарното мнозинство го одби рече е неприфатливо во еден кош да бидат и нарачателите, поттикнувачите на насилствата и оние кои случајно се нашле таму или биле заведени.

„Уште пред да биде поднесен законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ истакнавме дека тој поднесен закон за нас е апсолутно неприфатлив од причина што не смее да има бланко поддршка и во ист кош да бидат ставени и оние што се нарачатели, организатори и потткнувачи на насилствата на 27 април 2017 година. И истите не смеат да бидат ставени во кош со некои што случајно се нашле таму или биле заведени од оние што биле поттикнувачи. Законот кој треба да следува, мора да биде јасен и да има јасна дистинкција помеѓу оние кои иницирале и организирале и оние кои биле заведени на тој намил настан“, рече Кирацовски.

Запрашан што ќе донесе најголемиот буџет досега што се носи за 2019 година, Кирацовски изјави дека е рефомски и развоен. Рече дека обезбедува повисоки плати и за вработените во здравството и во образованието, социјалната заштита, заштитата на детето, но особено обезбедува средства за инфраструктура и земјоделството.

„На иницијатива на министерот за земјоделство и на Владата во 2019 година земјоделските стопанства ќе можат да ја користат и зелената нафта, 30 проценти поевтина нафта ќе имаат земјоделците. Водено за 300 проценти се зголемува социјалната заштита за сите приматели“, рече пратеникот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани