2win800x200

Државна видеолотарија донираше ехо апарат за Клиниката за детска хирургија

Ноември 28, 2018

Државна видеолотарија,  за Универзитетската клиника за детска хирургија,  донираше мобилен ехо-апарат во вредност од 1 милион и 230 илјади денари

-Државна видеолотарија од самиот почеток започна да ја негува и практикува општествената одговорност, како една од стратегеиските определби на нашата компанија. Уште веднаш кога дознавме за идејата што ја имаат на Универзитетска клиника за детска хирургија, тимот на Државна видо лотарија реши да го поддржи тој проект и да даде свој придонес, затоа што за децата не треба да прашуваме цена, туку треба да дадеме поддршка за да обезбедиме иднината на децата да биде беспрекорна. Во таа насока дадовме донација, со која веруваме дека ќе дадеме наш придонес родителите да бидат безгрижни во лекувањето на своите дечиња, рече Вики Ристоска, маркетинг директор во Државна видеолотарија

Министерот за здравство Венко Филипче се заблагодари за донираните срдства, а исто така посочи дека Владата постојано вложува во сите јавни здравствени установи каде се лекуваат деца.

-Ме радува кога имаме компании кои се општествено одговорни и кои ставаат приоритет на здравството, затоа што е многу сензитивен сегмент на кои што сите заедно треба да вложуваме. Постојано работиме на зајакнување на сите капацитети во инстиуциите каде се лекуваат деца, вложуваме во нова опрема, нови програми, имплементирање на нови методи, но и засилување со нов кадар, лекари, медицински сестри, техничари. За следната година од Буџетот се предвидени средства за посебна програма за деца кои се во животозагрозувачка состојба, за една посебна патологија, за бенигни тумори на деца, кои што досега не беа предвидени. Со ова ќе се зголеми и експертизата и можностите за лекување на тие дечиња во нашата земја. За визитинг професор е избран познат светски есксперт проф. Д-р Ѓорѓевиќ од Белград, кој ќе соработува со Медицинскиот факултет од Скопје , изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Шефот на Одделот за детска кардиохирургија и интензивна нега, Владимир Чадиковски рече дека апаратот е од исклучително значење со кој ќе се подобри дијагностиката на заболувањата кај децата

-За првпат во јавно здравство се набавува мобилен ехо апарат, тоа е портабл ехо апарат кој што може да се носи на различни позиции, ги има сите сонди, со кој ќе се подобри дијагностиката на сите заболувања на детска возраст, за да можем да пристапиме кон правилен третман на истите. Верувам дека и по оваа донација ќе продолжи нашата соработка со Државната видеолотарија, со што ќе придонесеме третманот на децата да биде на што повисоко ниво, рече Чадиковски.

Од Државната видолотарија потенцираа дека нивната општествена одговорност ќе продолжи уште поинтензивно и во наредниот период.

- Сакаме да бидеме одговорни кон сите, посебно кон ранливите категории во нашето општество. Во 2015 започнавме со скромен фонд од 261.000,00 денари, кој го зголемуваме секоја следна година. Во следните години за оваа намена беа издвоени 1.200.000,00 денари, па 3.103.000,00 денари, за оваа година, во фондот за општествено одговорна намена, да бидат вклучени 4.337.403 денари. Следната година, овој фонд планираме да биде дополнително збогатен. рече Вики Ристоска од Државна видeoлотарија.ytt

До крајот на годинава, Државна видеолотарија ќе организира друга слична акција, односно  проект кој ќе се однесува на здравствените придобивки,  повторно за децата. Од таму најавуваат дека овие активности ќе ги продолжат и во текот на 2019 година, со свој придонес во спортот, образованието, културата, здравството. Ги повикаа компаниите да дадат свој придонес во општетствената одговорност и да ги поддржат идеите кои ќе овозможат подобри здравствени услови, посебено за најмладите

 gergerg

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани