2win800x200

Владо Атанасовски е новиот директор на ЈП „Пазари“-Битола

Ноември 30, 2018

Владо Атанасовски од денеска е директор на ЈП „Пазари“-Битола . Атанасовски е магистер по менаџмент во образование и е од редот на вработените.

Досега со претпријатието управуваше Александар Касапов, кој заминува во Царинска управа на Македонија.

Решението за назначувањето на Атанасовски за директор на едно од јавните претпријатија во Битола кои се под директни ингеренции на општината, вчера било доставено од градоначалничката Наташа Петровска.

Атанасовски пред влегувањето на работа во ЈП „Пазари“ , работеше во приватниот сектор на неколку позиции каде што ја докажа својата стручност и способност за менаџирање.  

Тој е либерал-демократ, член на ЦО на ЛДП , а во ОО на ЛДП во Битола долги години беше секретар на партијата.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани