Декември 13, 2018

СОВЕТОТ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ПОИНАКУ ДА ПОБАРА ОД ВЛАДАТА СУБВЕНЦИОНИРАНА СТРУЈА, СЕПАК ЗА УТРЕ НАЈАВИЈА ПРОТЕСТ

Декември 05, 2018

Советот на Општина Битола денес едногласно го прифати предлогот на независната советничка група „Поунаку“ да побара од Владата на првата следна седница Битола да добие субвенционирана цена на струјата поради загадувањето што го трпи од комбинатот РЕК кој е во близина на градот.

 

„Ова го бараме зашто во наша близина е еден од најголемите загадувачи РЕК Битола кој обезбедува 75 проценти од струјата во Македонија. Бројот на заболени од малигни неоплазми или лошото како што се нарекува е во постојан пораст во Битола. До моментот на гасификација, ако ја дочекаме живи, Битола мора да биде заштитена од загадувањето зашто врз него влијае и начинот на загревање на домвите и јавните институции", рече Иван Чулакоски, спветник од Поинаку. .

Сите советници едногласно го изгласаа предлогот, а Чулаковски од говорница ги повика битолчани утре во 16 часот на протест пред Општина Битола против аерозагадувањето

„Бидејќи мерката мора да се реaлизира, за да не остане само парче хартија ги повикуваме на протест прво советниците кои гласаа за мерката, градоначалничката, сите битолчани, студенти, средношколци, политичари, пензионери и сите оние кои се свесни за состојбата со аерозагадувањето во која се наоѓа Битола да побараме итно решавање на проблемот.Ги повикуваме сите оние кои знаат дека воздухот нема политичка ориентација и дека болестите не одбираат партиска припадност“, рече Чулакоси.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани