2win800x200

Анализа2 на АПЛА.МК : Паднаа бастионите на ВМРО-ДПМНЕ во битолските села

Октомври 19, 2017

На овие локални избори паднаа и бастионите на ВМРО-ДПМНЕ во руралните средини, односно селата во кои оваа партија, традиционално книжеше гласови на свое конто. Очигледно не помогнаа и милионските суми за субвенции за земјоделците,со кои  во изминатите години се фалеше Владата на Груевски  и каде партијата ги имаше своите најголеми поддржувачи.

Според аналзиата што ја направи Апла.мк, од 51 избирачки места во селата, СДСМ и коалицијата, со својот кандидат Наташа Петровска, има освоено повеќе гласови во 42 села, а ВМРО-ДПМНЕ, освои поголем број на гласови во 9 села. На минатите локални избори, во 2013 година, ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг имаше повеќе гласови во 46 села, а СДСМ, само во 5.

Ниту еден глас за Зоран Илиоски, нема во битолското село Кишава, на избирачко место 147, каде за Петровска гласале 51 лице, за разлика од изборите во 2013 година, каде ВМРО-ДПМНЕ и Талески, освоија 68 гласа, а СДСМ-18.

147

Гласови за Илиоски нема и во битолско Злокуќани, на избирачкото место 157, а за Петровска гласале 4 лица

157

. Во Острец, Илиоски освоил само 1 глас, додека Петровска, има 120 гласови.

156

Еден глас, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има и во Меџитлија, каде на претходните локални избори за нив гласале 50 гласачи, а СДСМ сега освоила 75 гласови, додека во 2013 само 15 гласа.

Интересно е што во битолското село Логоварди, разликата меѓу двајцата кандидати е повеќе од 50 проценти, односно, за Илиоски има 122 гласа, а за Петровска, 261 глас.

137

Преполовување на гласовите ВМРО-ДПМНЕ на овие локлани избори, во споредба со претходните, има и во Карамани, Поешево, Раштани, Граешница, Драгош, Породин, Кишава, Жабени, Барешани, а има повеќе гласови во неколку села-Трн, Поешево, Егри, Олевени , Оптичари, Кукуречани, Змирнево..

1

3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани