2win800x200

,,Новогодишна елка" во Ресен

Декември 13, 2018

Вреќите од јаболка што несовесни луѓе ги оставиле по нивите крај патот од Ресен за грчка граница, како лампиони се зафатија за дрвјата. Купиштата расфрлени вреќи ги фотографиравме во близина на село Курбиново.

Минувачите со иронија коментираа дека ова е новогодишна елка накитена на ресенски начин. Но, сликата воопшто не е идилична зашто се работи за расфрлено ѓубре.

Се претпоставува дека крај патот ги оставил некој откупувач на индустриско јаболко. Во светот од отпаден материјал прават новогодишни елки за да покажат поголема еколошка свест, а кај нас расфрлениот смет ветрот  го нижи  по гранките од дрвјата како да се ,,украсни" елки.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани