2win800x200

ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО ХУМАНА МИСИЈА

Декември 14, 2018

Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, Државна видеолотарија на РМ денес беше местото каде паралелно се реализираа неколку хумани активности: крводарителна акција, донација во храна и облека за социјално загрозените групи.

 

Државна видеолотарија во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија – Скопје, претпладнево во своите простории реализираше крводарителната акција, во која вработените даруваа крв. Акцијата која започна во 9 часот, планираме да стане една убав хуман настан кој редовно ќе го одржуваме. На настанот свој придонес даде и летечкиот шампион Игор Стефановски Иџе кој ги поддржа вработените на Државна видеолотарија во дарувањето крв.

Пред заокружувањето на годинава, како дел од нашата хумана мисија, одлучивме уште еднаш да ја поддржиме и солидарноста на екипата на „Ретвитни оброк“, преку донација во прехранбени продукти, со цел да овозможиме социјално загрозените да го задоволат своето основно право, правото на храна.

Хуманитарните активности денес ги финализиравме со донација на облека, која ќе биде дистрибуирана до ранливи групи на семејства.

Со овие активности, сакаме да ја негуваме и поттикнуваме солидарноста и одговорноста на нашите вработени, со цел и ние како компанија да дадеме свој придонес во градењето и негувањето на подобро општество за сите.dd

fweeqwe

ddfklasdjk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани