Во автобусот што во Србија имаше сообраќајка, имало и патници од Битола

Декември 16, 2018

Автобусот кој доцна во ноќта имаше сообраќајка на влезот во Лесковац, Србија, вчера околу 19 часот тргнал од Битола. Од битолската автобуска станица потврдија дека во автобусот се качиле четворица патници, двајца со купени повратни билети, а двајца само во еден правец. Засега нема официјални информации каква е состојбата со лицата кои во автобусот влегле од Битола. Во несреќата загинаа 68 годишен маж од село Бучин, Крушевско  и две жени, од кои едната е од Кочанско. Автобусот патувал од Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Табановце, па до Виена. Возачите се едниот битолчанец, а другиот прилепчанец, но не се повредени. Се знае дека се работи за автобус на компанијата „Еуробус“ од Струга.

 

Според изјавите од лесковачката болница, маж и две жени се тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот на влезот во Лесковац, Србија, каде преврте македонски автобус. Нема официјални податоци од кој град се загинатите лица.

„Во врска со автобуската несреќа во Србија, за сега официјално од српските власти ја имаме добиено само информацијата во врска со превозникот, а тоа е дека станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблички СУ 3325 AЦ. Се чека на дополнителни информации, потврда за број на загинати и повредени и други информации поврзани со несреќата“, соопштија од македонското МНР.

Од таму велат дека министерот за здравство Венко Филипче, генералниот секретар на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на Република Македонија во Белград се упатени кон местото на несреќата.

Едно од повредените лица за агенцијата „Бета“ изјавил дека не знае како се случила несреќата оти сите спиеле.

„Кога се разбудив чув врескање. Видов луѓе со крвави глави и раце, а некој рече дека има и загинати. Не знам кој повика итна помош и полиција но набргу стигнаа неколку амбулантни коли и лекарите влегоа во автобусот. Веднаш ни пружија помош. Потоа стигнаа пожарникарите и сите заедно нè извлекоа од автобусот“, рече за Бета момче од Битола кое во сообраќајката ја повреди раката.

Во болницата во Лесковац префрлени се 28 повредени патници, а во Ниш четворица. На домашно лекување се пуштени 14, но ќе останат во лесковачката болница до обезбедување превоз за Македонија. Автопатот кај Лесковац е чистен, но завеан е и на места е замрзнат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани