Субвенции за редовно чистење на оџаците во Битола

Декември 19, 2018

Во 2019 година Општина Битола планира да ги субвенционира домаќинствата за редовно чистење на оџаците. Ова стои во Програмата за заштита на животната средина за 2019 година која треба да биде разгледана и донесена на седницата на Совет во вторник.

 

Во програмата за следната година покрај тоа што остануваат субвенциите за велосипеди, печки на пелети, ќе се субвенционираат и битолчани да купуваат електрични скутери, како и редовно да го чистат оџаците, зашто како што пишува во програмата, неисчистениот оџак е двојно поголем загадувач.

В година ќе има и зголемени инспекциски контроли на оџаците во домаќинствата, индустриските и занаетчиски постројки. Оваа обврска е пропишана во законот за комунални дејности. Потврдите за извршеното чистење на оџаците ќе се доставуваат до општината која ќе ги води во регистар на домаќинства кои се грејат со огревно дрво.

Предвидена е и отна набавка и инсталација на водени филтри на оџаците од институциите кои се затоплуваат на мазут , како и на пекарите на дрва (на принцип 50-50 %) или нивна дислокација надвор од населено место .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани