2win800x200

Битолчанката Олга Ристевска- Нема волонтерска книшка, а цел живот бесплатно помага

Декември 22, 2018

Битолчанката Олга Ристевска (72) нема волонтерска книшка, нема евидентирани волонтерски часови, но таа едноставно е родена да биде волонтер. Целиот свој живот го минала помагајќи им на други лица, па за својата хуманост неодамна доби престижно признание за долгодишен волонтерски ангажман доделено од Советот за волонтерство на Општина Битола.

 

Олга Ристевска е членка на Организација на жени на Општина Битола веќе 20 години, а исто така е членка на Здружението на трудови инвалиди во Битола околу 27 години.

Битолчани ја паметат како долгогодишен трговски работник во најпознатиот и единствен драгстор на „Прехрана“ во Битола, Олга уште тогаш, пред 30 години, била позната како човек кој никого не враќала од дуќанот со празна торба. И во времето кога немало млеко, кафе и маргарин за секој, таа знаеле да ги услужи сите. Кога работела како продавачка во дуќанот во објектот на Битолската болница, умеела да се поткачи до одделенијата во болницата за да посети нечија мајка, татко. Секогаш наоѓала начин како да им укаже чест и да им помогне на сите околу неа.

Ни подмолната болест која се појавила пред 30 години кај неа, не ја спречила да си рече: „Одам храбро напред, за инает на болеста“. Покажа дека е нескршлива.safe image

„Во двете организации во кои е членка на телата кои управуваат и одлучуваат, Олга е активен член, човек без кој едноставно не се може. Олга нема волонтерска книшка, нема евидентирани волонтерски часови, таа едноставно е родена да биде волонтер. Не ги заборава децата во влезот на својата зграда за Велигден, не ги заборава учителките на своите внуци, за сите настани, не ги заборава своите пријателки кои се во старски домови, не ја заборава својката фамилија, својот Нико, човекот на нејзиниот живот. Наградата за волонтерско долгогодишно активирање заврши во вистински раце“, велат од Организација на жени.

Покрај Ристевска, уште една членка на Организацијата на жени од Битола доби награда за волонтерство. За волонтер на 2018 година беше прогласена Верица Бутлевска..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани