2win800x200

Интервју со градоначалничката Наташа Петровска: „За Битола реагирам како за сопствениот дом!“

Декември 26, 2018

 

-Измина 2018 година, а со тоа и повеќе од година дена од Вашиот мандат за градоначалник. Како ја оценувате годината на работен план?

Наташа Петровска: Јас сум задоволна, затоа што се соочивме со исклучително сериозни и проблематични ситуции, но направивме доста работи. Би почнала со влезот во Битола, конечно битолчани имаат барем од едната страна влез каков што заслужуваат. Ги забрзавме инфраструктурните зафати во Касарната, која веќе наликува на населба, девет улици се во завршна фаза на уредување. За првпат инфраструктурно влеговме во населбата и селото Лавци со сериозни зафати. За првпат поставуваме каналазициона мрежа во Потпелистерието од Живинарската фарама кон Трново и Магарево, со намера тој систем да го надоградуваме. Го уредивме делот од Булеварот покрај реката Драгор, каде со коцка ја направивме пешачка улица, а имаме иницијатива од граѓани тој дел целосно да биде пешачи.

„Се бара решение за асфалтна база“

-Се започна реконструкција на улицата „Климент Охридски“, на почеток зафатот се одвиваше брзо, а сега има застој. Што е проблемот?

Општината со јавните претпријатија во максимално брзи рокови го изработи својот дел со канализацијата и водоводната мрежа каде што имавме азбесни цевки. За жал, застој има на коловозот кој го работи изведувач што добил на јавна набавка и кој што се обврзал по даден договор. Не ги исполнил обврските што ги има, единствено нешто што преостанува да го направи Општината е да ги преземе сите законски мерки за да го санкционира изведувачот, затоа што оштетена е и Општина Битола, но и граѓаните.

-Битолчани се посебно чувствителни кога станува збор за улците низ градот, често пати реагираат јавно и преку социјалните мрежи. Кој е планот за следната година?  

Можеби во централното градско подрачје и онаму каде што е најголемата фреквенција на движење, граѓаните не гледаа голем опфат на реконструкција, но факт е дека се работеше. Се направија девет улици во касарната што е серизоен опфат, две улици во централното градско подрачје... Имавме намера да ги направиме улиците „Илинденска“ во должина од 2,5 километри и „Партизанска“ од кружниот тек до Брусничката населба, како и други сообраќајници, за кои имавме одобрени средства од Министерството за транспорт во делот на канализација и водоводна инфраструктура, а ние се обврзавме да издвоиме средства за коловозот. Но, бидејќи во Министерството имаа ситуации на избор на ревидент на тендерски постапки што за жал, завршија подоцна, тоа се имплицираше врз изведбените активности на нашите зафати. Тоа се единствените средства во буџетот на Општина Битола кои што останаа неискористени, затоа што беа резервирани токму за реконструкција на коловозот на овие улици. Разговоарав со министерот за транспорт и врски и добив ветување дека тоа се пари кои Општина Битола ќе ги има следната година и останува тоа да го завршиме. Исто така, изработена е проектна докмунетација за улицата „Борис Кидрич“, која е во централното градско подрачје и е доста фреквентна, а следната година ќе биде преасфалтирана.

-Кога да очекуваме крпење на ударните дупки?

Она што со години наназад е проблем во општина Битола и сѐ уште постои, а за жал не успеавме да го решиме годинава е санација на ударните дупки на улиците, но со динамика како што јас сакам да се одовива. Ова го работи ЈП „Нискоградба“, но нема асфалтна база и останува асфалт да добива тогаш кога ќе има добра волја оној кој што ја доставува. Разговаравме со директорот и се работи во таа насока како Општина Битола ова да го реши трајно и да не се јавува како проблем секоја година. Диркеторот рече дека ќе ги разгледа сите опции и ако го решиме системски ќе остане не само за оваа локална самоуправа туку и за сите наредни.

-Ќе се работи и на нов сообраќаен план за Битола, издвоени се сретства од буџетот. Што може да се очекува од овој сообраќаен план?

Од буџетот се издвоени 400 000 денари за изработка на сообраќаен план, а во тек е спецификацијата, активности ќе бидат спроведени и врз база на тоа што ќе извлече од планот, ќе ја дефинираме насоченоста на улиците во централното градско подрачје.

“До крајот на 2019 културни настави во Офицерски дом“

-Дали заштитната ограда на везовите и прозорците од Офицерски дом е почеток на најавената реставрација на објектот?

Пред потпишување сме на договор за Офицерскиот дом, во меѓувреме ставивме заштита онаква каква што можеме без да нанесуваме доплнително оштетување, затоа што тоа го наложува Управата за културно наследство. За првпат Офицерски оваа година беше осигуран. Во три наврати имавме промени во проектната документација, па издавање на градежна дозвола од Министерството за транспорт и врски, затоа што станува збор за објект од исклучително значење. Сето тоа е завршено. Направивме успешна сработка со Стопанската комора за аплицирање до Светска банка за средства за санирање на Офицерскиот дом. Имаме убава завршница, се наоѓаме пред потпишување на договор. Не сакав пред време да зборувам за тоа, за мене ќе биде завршена работата кога ќе го ставам потписот на договорот.

-Да, но кога можеме да очекуваме дека ќе светне битолскиот Версај?

Како што се движат работите кон крајот на 2019 година. Тогаш треба реконструктивните зафати на Офицерскиот дом да бидат завршени и се надевам дека следната година ќе имаме можност таму да присуствуваме на некој концерт.

-Колку изградбата на стадионот, кој беше ветување на претходната власт, го оптивари буџетот на Општината?

Годинава имавме големи оптоварувања, а така ќе биде и следната 2019. Тоа е договор кој не е добро направен за Општина Битола , за жал, го затекнавме веќе потпишан од претходната власт. Сите зборуваме за стадионот, а всушност се работи за северната трибина. Не затоа што не треба да се прави, туку поради финансиските оптоварувања кои се директно на буџетот на Општина Битола. По мое видување, поранешната локална самоуправа тоа требала да го направи многу поинаку, во негова реконструкција требало да има удел и централната власт. Малку сме во неповолна ситуација од тој аспек, но ќе се бориме како и во изминатиот период.

Училишниот превоз излезе најгорлив проблем во општината, а истовремено проблем наследен од претходната власт. Како ќе се решава понатаму?

Да, превозот беше најгорливиот проблем што ми одзеде најмногу енергија. Ако беше малку поразлично поставен и во подобра кондиција ќе оставеше простор за многу други проекти. Прво, Општина Битола е една од ретките која што практично згрижува ученици од многу соседни општини Ресен, Демир Хисар, Крушево, Новаци, Прилеп, Могила и од најистурените села од овие општини. Тоа носи серизони оптоварувања и јасно дека имало и има недостиг на срдства, иако блок дотациите беа зголемени. Не е проблем само превозот на учениците, туку и јавниот превоз во општината може да биде далеку подобар, затоа што ако имаме добро организиран јавен превоз, на граѓаните ќе им понудиме други можности и тие ќе имаат помалку потреба да ги користат автомобилите. Сега одиме со еден сосема нов концепт на поставување на зони кои ќе понудат коректен пристап и кон превозниците, затоа што тие тоа би го правеле само долколку имаат рентабилност. Но, факт е дека во тие околности мора да размислуваме и за заштита на Буџетот, но и да има добар сервис кон граѓаните. Се наоѓаме пред еден повик коректен кон сите овие страни и би имале подобрена слика во јавниот превоз во Општина Битола, вклучително и превозот за учениите.

-Бевте против топлификацијата, а сега ќе се спроведува заради договорот со странската банка. Како ќе се одвива овој проект, а како гасификацијата?

Ние како општина предничевме во проектните активности околу гасификацијата. Во средината на оваа календарска година ни беше кажано дека она што е потпишано меѓу поранешната Влада на Македонија и Германија за топлификацијата е нешто што за што не смееме да отстапиме затоа што државата би платила многу пенали за тоа. Сега на некој начин мора да се спроведува комбиниран систем, затоа што два вакви системи би биле голем товар за одржување. Но, постојат начини да се направи добар сплет. Влегуваме со проектна докумнетација за која најдовме соломоснко решение, но се уште доцнат оние податоци кои што ни се потребни. Сега ќе одиме со малку поинаква динамика, со објавување на тендер за идејниот проект. Па, во самиот повик ќе стои дека за потребните измени со мапираните точки на топлификација, ќе биде задолжен оној кој што ќе го добие тендерот за да го изработи проектот.

„Еднонасочни улици за подобро регулиран сообраќај“

-Загадувањето на воздухот е дежурна тема. Дали локланата смаоуправа прави доволно за решавање на овој проблем и што може да се очекува за 2019?

Јас во една прилика изјавив, а и напишав еден статус на фејсбук, малку провокатвно „Зарем мислите дека обиколницата падна од небо?“ И тогаш кога не веруваа дека свлечиштето ќе се санира, времето покажа дека тоа се санира, а обиколницата се направи. И заштитните ѕидови кај ромската наслба ќе се направат. Зошто го споменувам ова? Затоа што и обиколницата е поврзана со загадување на градот од товарните возила кои транзитираа низ Битола. За суштински промени за квалитетот на воздухот треба да се пристапи системски, а двата клучни проблеми, граѓаните често го споменуваат РЕК Битола, јас не сакам да зборувам колку и како загадува, за тоа има експерти кои кажуваат, но факт е дека многу работи ни се случуваат во градот во делот на греењето и секако сообраќајот. Токму затоа велам дека треба да имаме подобрување на јавниот превоз, за што помалку граѓаните да ги користат возилата. Регулирањето на сообраќајот е многу важно, а особено со ваква инфраструктура низ старото градско јадро, каде имаме серизони застои. Тоа треба да го направиме по примерот на градови во соседна Грција или европските земји, со еднонасочни улици.

-Колку помагаат субвенциите за велосипеди, печки на пелети?

Она што е значајно е централното затплување во градот, затоа што знаеме дека многу домаќинства се затоплуваат индивидуално и тоа се серизони загадувачи. Не ги обвинувам граѓаните, тие мора да се затоплуваат со нешто но, локалната и централната власт треба да овозможат друг начин на затоплување за да се намали загадувањето. Се она што значи субвенционирање на печки на пелети и велосипеди, тоа се мали ублажувања, кои што не нудат суштиснки промени. Тоа го имаше и претходната власт, го спороведовме и ние, а исто така со буџетото за следната година тоа повтроно се предвидува, но очигледно не ги дава ефекти кои што се потребни. Не велам дека не се додадена вредност и не значи дека и тоа не треба да го правиме, но суштината за решавање на овој проблем лежи на друго место.

-Битола после 5 години ќе добие полигон за полагање возачки испит, а опозицијата критикуваше дека тоа не е проект на локланата самоуправа, туку на приватен инвеститор, а си го припишувате Вие...

Да, си го припишувам овој проект и кажувам дека тоа е труд и на градоначалникот на Општина Битола, простете ако звучам нескормно. Ако јас го направив ова за една година, дефинитивно можел и некој друг. Факт е дека полигонот го направи оваа локалана самоуправа. Ако ние сме успеале да добиеме донација, тоа е нешто со што треба да бидат задоволнини и советниците и опозициските политички партии и структури, затоа што со тоа се заштедиле средства на општината. Не знам дали некој мисли дека и тоа паднало од небо? За некој да донира сигурно требало да се лобира, да се гради пријателски однос и коректност. Тоа оставило простор да се гледа интересот на сите засегнати страни, а за градоначалникот е важен интересот на граѓаните. Факт е дека битолчани имаат полигон и дека тоа некој не успеал да го направи во минатото.

„Ако критикувате, треба да имате доблест и да пофалите“

-Како реагирате на критиките на јавноста? Ве демотивираат или мотивираат?

Не ми е сеедно зашто ја допира мојата фамилија, ги допира моите деца, кои имаат пристап до социјалните мрежи и гледам дека не им е сеедно. Тоа е единственото нешто што ми пречи лично мене. Исто така, ми пречи е што низ социјалните мрежи збележувам атак на личност, а не атак на политики. Ако фалиме политики, треба да имаме доблест да фалиме и личности. Не мора тоа да бидам јас. Ако вие атакот го насочувате на една личност, а не на политики и така ја водите војната, тоа кажува нешто друго. Тоа кажува други мотиви кои уште повеќе ме охрабруваат да опстојам на патот на кој што сум. Многу ретко ги читам социјланите мрежи, имам мои бликси луѓе, пријатели кои ме информираат што се случува. Тоа на некој начин ми е одбранбен механизам да не ми е одзема енергија, која сакам да ја насочам позитивно во друга насока. Она што сакам да успееме како општетсво да го направиме, е да изградиме политичка култура. Вие можете се да му кажете на политичкиот противник, но тоа да биде кажано со одбрани зборови, да ја сфати пораката, да не биде агресивно, некултурно и вулгарно, но и за тоа треба да имате квалитетити како личност и да знаете како треба да настапите.

-Колку е тешко за една жена да се биде градоначаник?

Приватните моменти ми се многу значајни и морам да признам дека се намалени, пред се заради обврските. Се уште имам голема подршка од семејството, грижата и љубовта се уште ја чувствувам и наоѓам сили да возвратам. Сакам да зготвам, децата умеат да го препознаат мирисот на зготвеното дали е од тато или од мама. Има време за сѐ, но тоа е сепак на штета на мојот сон, на сметка на моето здравје, но на крајот кога ќе видите дека ја имате насмевката од вашите деца, сфаќате дека ја имате поддршката и дека имате дополнтелна енергија да продолжите со тоа. Кога ќе видите резултати, кога ќе видите дека нешто што сте имале намера, сте успеале да го направите, тогаш добивате енегија. По природа сум динамична личност, во такви околности сум воспитувана и се надевам дека ќе продолжам во таа насока.

-Како ја доживувате Битола откако станавте градоначаник?

Сега, додека се движам низ град, повеќе ми пречи секоја дупка, секоја нечистотија и постојано сум оптоварена со работи кои што во минатото сум ги забележувала, а сега ги доживувам лично. Тоа ми доаѓа како дома кога ќе влезам и ако нешто не е средено си велам леле куќата ми е растурена. Сега така го доживувам и градот. Порано кога не бев на оваа позиција, можеби ќе забележев нешто, ќе реагирав, но сега го доживувам многу болно, реагирам точно како за својот дом.

Која е Вашата порка за битолчани во Новата 2019 година?

На сите битолчани им поскаувам добро здравје, позитивна енергија. Секогаш има лоши, но и добри работи. Да имаме доблест не само да кудиме, туку и да пофалиме. Да се обидеме да бидеме конструктивни, да се обидеме да тргнеме од себе си, како ние како граѓани можеме да подобриме нешто и сите заедно   да направиме повеќе за нашиот град. Сакам 2019 да се намалат настапите на политичарите, узурпирањето на просторот со политиката, а многу повеќе да се зборува за најнормални секојдневни ситуации на граѓаните, да гледаме културни, забавни, научни, докмунетрани емисии, филмски продукции, кои што ќе значат олеснување на нашите секојдневни работни активности, нешто што како општетсво го немаме. И конечено да сфатиме дека социјланите мрежи треба да бидат простор повеќе каде ќе може да се дава иницијална каписла за подобрување на состојбите, а не за продлабочување на омразата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани