Културното наследство достапно и за лицата со оштетен вид

Декември 29, 2018

Лицата со оштетен вид преку допир  на тактилни слики може да ја почувствуваат  убавината, на фреските, иконите, мозаиците од Хераклеја, како и   други  експонати   кои се дел од постојаната поставката на битолскиот Завод и музеј. Зоран Софрониевски  од Битола е лице со оштетен вид и  не може да го види  нашето  богато културно наследство.

 

-Не знам кој е авторот, но разбрав дека се работи за позната слика, слика на девојче, рече Софрониевски додека ја допираше тактилната  слика.

Слепите лица оваа можност  преку допир да доловат дел од културното наследство  ја доживејаа со многу емоции.

-Навистина е прекрасно, затоа што еден слеп човек кој  не знае како изгледа ангел или светец, сега може  преку допир со раката  да го најде ангелот, каде се крилата, каде  е круната. Се радуваат како мали деца, рече Стевче Костадиновски, претседтател на Здружението на слепи лица од Битола.

Проектот е на битолскиот Завод и музеј, од каде велат дека  работат на инклузивни процеси за културното наследсво да се доближи до лицата со попреченост. Тимот кој ги изработи тактилните слики овие вештини ги стекнал  на обуки со странски експерти.

-Со помош на Брајова  азбука ние го даваме описот на предметот, а тактилната слика е релјефна, може да се допира. Со посебни знаци и шифри на самата табла, слабовидите и слепи лица  добиваат претстава за каков предмет се работи и кратка приказна за самиот предмет,  вели Ирена Ружин, координатор на проектот.

Покрај тактилните претстави за Хераклеја и изложбата на тактилни слики од експонати  и објекти, во следните месеци ќе се реализра и проектот за презентација на предмети со знаковен јазик во 3Д модел со аудио и видео поддршка, кој ќе биде наменет за  лица со различни попречености.

IMG 20181229 205055

IMG 20181229 205336

IMG 20181229 205249

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани