2win800x200

Од вечерва, ноќно скијање во Ски центарот „Нижеполе“

Јануари 04, 2019

Ски центарот „Нижеполе“ со кој стопанисува ЈП „Стрежево “-Битола од денеска е подготвен за ноќно скијање.

Од Ски центарот  информираат дека се направени сите подготовки за почеток на сезоната, а оваа година таа ќе стартува со ноќно скијање.

-Од денеска,( петок) ќе има ноќно скијање на ски стазата „Нижеполе“ . Утре започнува сезоната. Стазите се подготвени, потврди за апла.мк Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“-Битола.

Ски петеката  во „Нижеполе“ се наоѓа на надморска височина од 1585 метри. Љубителите на зимските спортови се повеќе се заинтересирани за атрактивно скијање и затоа се одлучуваат за ноќно скијање. Амбиенталното осветлување на патеката за скијање се врши од неколку платформи на кои се поставени 45 канделабри и дополнителни 20 канделабри кои ја осветлуваат ски патеката по нејзината должина. Скијачкиот центар „Нижеполе“ освен со два ски лифтови, располага со детски парк, чајџилница, 48 клупи и други зимски рекреативни реквизити.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани