2win800x200

Битола се буди на минус 20 степени

Јануари 08, 2019

Во 7 часот утрово во Битола се измерени поларни температури од минус 20 степени.

 

Под нулата е насекаде во Македонија. Според прогнозата на УММР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов.

Температурата ќе биде под минус 10 во поголемиот дел од земјата, а во негатива ќе останат и дневните температури.

Под влијание на влажен и студен бран, и утре и задутре претпладне ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани