2win800x200

Ќе биде ли Талески повторно глумец !?

Октомври 24, 2017

Дали бившиот градоначалник на Битола, Владимир Талески ќе се врати во Битолскиот театар на старото работно место или засекогаш ќе ја напушти актерската професија?- Ова  се поставува како прашање пред битолската јавноста , откако му истече градоначалничкиот мандат.

 

Талески, бидејќи во политика влезе напуштајќи ја актерската професија, логично е да се врати на работното место. Но, не е исклучено и тој да тргне по стапките на бившиот министер за култура, неговиот колега Благоја Стефановски –Баге и  после завршувањето на мандатот да не се врати во театарот. Раководството на БНТ, денеска за апла.мк , потврди дека до овој момент Талески не поднел барање да се врати во матичната куќа.

Една од претпоставките  на јавноста е дека Талески можеби  ќе се одлучи за апанажа, и ќе се збогува со штиците што живот значат.   

меѓутоа, едно е сигурно дека на Талески му претстои тежок и долг судски процес, за случајот „Транспортер“ , во којшто е обвинет за злоупотреба на бесплатниот школски превоз. Пред еден месец Основното јавно обвинетелство на Битола го осомничи за случајот „Транспортер 2„ за злоупотреби со јавните набавки поврзани со бесплатниот школски превоз..  

Инаку, во петокот новата градоначалничка, Наташа Петровска, го доби уверението од ОИК за нов градоначалник на Битола. Примопредавањето на градоначалничкиот кабинет се очекува овие денови..   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани