2win800x200

На полноќ се чистеа паркингот и Широк Сокак

Јануари 10, 2019

На полноќ од  снег се чистеа паркингот на плоштадот Гоце Делчев и главната битолска улица Широк Сокак. По повеќето критики од страна на битолчани дека местата за зонско паркирање не се исчистени, вечерва околу полноќ, во периодот кога немаше возила, багер го чистеше паркингот пред Центарот за култура. 

 

 20190110 235118
Но, паркиралиштето кај Здравствениот дом се уште е заробено во снег. 

Исто така околу полноќ бобкет го отстрануваше снегот од Широк Сокак. Механизација на Нискоградба врвеше низ поголемите градски улици, се фрлаше сол и ризла. Од ЈП најавија дека се преземаат мерки  за чистење на дел од споредните улици. 20190110 235556
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани