Исчистени сите главни улици и 70 проценти од споредните, соопштија од јавните претпријатија

Јануари 11, 2019

Од снегот исчистени се сите главни патишта, 70 проценти од споредните улици, приодите до сите градски населби, пазарите, дел од тротоарите, патеките низ парковите, приодите до институциите, соопштија директорите на јавните претпријатија од Битола кои со здружени сили учествуваат во расчистувањето на градот од снежните врнежи.

 

Не се исчистени само улици во населбата Баир поради тоа што се тесени. Проодни се патиштата до сите околни села, вклучувајќи и планинските, со исклучок на Древеник, каде утринава со помош на механизација од РЕК „Битола“ и „Македонија пат“, се пробиваше патот и до ова село.

Силјановски: „Ова не го направила ниедна претходна гарнитура“

49899456 383585079258815 8268489636020486144 n

Директорот на ЈП „Нискоградба“ Методија Силјановски изјави дека на терен изглегла целата механизација на претпријатието, камион со нож со попрскувач, два камиони со попрскувачи, три големи, три мали ровокопачи, трактор и друга помошна механизација. Работеле на чистење општина Битола и поранешната општина Кукуречани. За некогашните општини Бистрица и Цапари ангажирани се подизведувачи со два камиони со нож и попопрскувач, два ровокопачи и три трактори. Во измиантите осум дена падна поголема количина на снег, а само последниот бран донесе 40 сантиметри снег. Само во последните три дена беа фрлени низ улиците 75 тона сол, 105 метри кубни ризла.

„ За првпат ‘Нискоградба’ со целосна механизација и 24 часовна работа на терен го направи она што ни една претходна гарнитура не го направила во вакви временски услови во Битола. Се фрлија многу поголеми количини на сол и ризла отколку во претходните години, но тие не делуваат под – 7 степени. Уште пред да се создадат законските услови нашите екипи постојано беа на терен и ги чистеа сообраќајниците според програмата. Споредните улици не можат да се исчистат одеднаш бидејќи количините на снег беа големи. Но, на сите граѓани кои нѐ контактираа на дежурниот телефон им излеговме во пресрет. За разлика од 2011/12 и 2016/17 кога беа наврнети исто големи количини на снег, а споредните улици беа речиси неисчистени, до утринава се исчистија околу 70 проценти од споредните улици“, рече Силјановски.

Расчистувањето ќе продолжи и во следните денови и преку викенд со зголемен број на луѓе. Снегот што се собира од Широк Сокак и градската чаршија ќе се фрла во реката Драгор.

Богоевски: „Редовно го подигаме отпадот, со исклучок на непристапните места“

49633976 746687152379630 4799039239272529920 n

 

Од ЈП „Комуналец“ работат на чистење на пешачките премини, тротоарите, патеките, шеталиштето, градскиот парк, приодите пред институциите.

„Ги ангажиравме сите наши расположливи ресурси, осносно околу 50 лица кои секој ден од 5 часот на утро до вечер постојано го чистат теренот. Наша обврска е чистење на патеките низ гробиштата“, рече директорот Панде Богоевски.

Сметот редовно го подигаат, освен во повисоките делови од Бајрот каде не можат да се исчкачат камионите.

„Важна ни е соработката со колегите од другите претпријатија , да се ослободат контејнерите од затрупаноста со снег за да може да се подигне сметот. Ние редовно го подигаме отпадот со исклучок на непристапните места како што е Баир. Очекуваме деновите дека ќе се расчистат улиците и ќе се подигне отпадот и во тие делови“, рече Богоевски.

Козаров: „Работиме на осум пријавени оштетувања на водоводната мрежа“

50068162 310831899561367 1079749044433059840 n

ЈП „Водовод“ работи на осум пријавени оштетувања на водоводната мрежа и околу 35 пријави за пукнати водомери во градот.

„Со ниските темепратури и обилните врнежи „Водовод“ е исто така на терен. Покрај помошта која им ја даваме на останатите јавни претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“, работиме на отстранување на дефектите. Пукањата на саатовите продолжуваат, а се очекува нивниот број да се зголемува со затоплувањето. Упатувам апел до граѓаните да ги пријавуваат дефектите навремено на дежурниот број кој работи 24 часа за да можеме да реагираме навремено. Потрошувачката на вода и натаму е зголемена“, истакна директорот на ЈП „Водовод“, Горан Козаров.

Атанасовски: „Градскиот и реонскиот пазар се исчистени“

50060754 601333820308202 1927125995781881856 n

Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски изјави дека битолчани можат слободно да пазаруваат зашто исчистени се приодите до двата пазара, како и делот со продажните тезги.

„Градскиот и реонскиот пазар во Битола се исчистени од вработените во ЈП ‘Пазари’ што им овозможува и на продавачите и на купувачите слободно да купуваат од тезгите. Снегот се чисти, има над 500 тезги како во градскиот, така и во реонскиот пазар, па граѓаните слободно можат да купуваат и да продаваат продавачите. Исчистено е под секоја тезга и фрлени се и сол и ризла насекаде“, рече Атанасовски.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани