2win800x200

Василица да е неработен ден, бараат битолчани

Јануари 13, 2019

Иако нема покрената иницијатива, повеќето битолчани се на ист ум- Василица да биде неработен ден.

Или барем оние кои вечерва го славеа празникот со друштва без разлика дали во кафана или по дома. И онака добар дел од нив денес ќе бидат отсутни на работните места, ќе задоцнат или ќе си заминат порано. Василица е ден во годината со најголем број отсуства на работните места. Ова е празник кој друштвата ги држи заедно во време кога се повеќе луѓето се отуѓуваат меѓу себе. 

Василица е и семеен празник. Денес сите христијани  битолчани  ќе вртат мазник со паре. Во Битола Василица може да се каже дека се слави повеќе и од Нова година. Нема точна бројка, но се претпоставува дека вчера и денес битолчани ќе исукаат, свртат и изедат над 40 000 мазници. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани