2win800x200

Битолчани и прилепчани по чист воздух на Пелистер (видео)

Јануари 20, 2019

Битолчани викендов побегнаа од загадениот воздух  искачувајќи се на Пелистер. На паркиралиштата пред Информативниот центар и хотелот Молика немаше слободно место од паркирани возила. Коли имаше паркирано дури и по патот. 

{YouTube}https://youtu.be/4UVn5PJnP24{/YouTube}

20190120 142037

Ски патеката ,,Копанки" беше полна скијачи, како и бордери, претежно млади битолчани и љубители на белите спортови од соседните градови. Меѓу паркираните возила имаше и такви со прилепски регистарски таблички. И прилепчани очигледно дојдоа на Пелистер да ги наполнат градите со чист воздух откако мерната станица и кај нив покажа енормно загадување. 
Битолчани и понатаму можат да ја користат привилегијата да го посетуваат Пелистер без да плаќаат влез. Планинарските патеки беа полни со планинари, но и други рекреативци кои пешачеа, како и родители со деца со санки. Пелистер беше полн туристи како во најдобрите времиња. 20190120 142031
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани