2win800x200

ИСЕЛУВАЊЕТО ЈА НАМАЛИ ТЕАТАРСКАТА ПУБЛИКА, СЕПАК ОД ТЕАТАРОТ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПОСЕТЕНОСТА

Јануари 23, 2019

Иселеничкиот бран од кој веќе подолг период е погодена Битола има негативни рефлексии и врз посетеноста на Народниот театар во Битола. Директорот Иван Јерлиќ вели дека посетеноста пред 10 до 12 години се движела од 13 000 до 15 000 гледачи, а сега е сведена меѓу 6000 и 8000.

 

„Минатата година одиграни беа 170 претстави. Задоволни сме околу публиката, иако проблемот со публиката во Битола е веќе проблем на иселувањето. Градот е преполовен, тоа е проблем за кој сите знаеме, а за кого некогаш сакаме, а некогаш не да разговараме. Бројот на жители во Битола секојдневно опаѓа. Не гледам од тој аспект како би го решиле проблемот. Инаку, публиката се враќа во театарот. Но, театарската сала со 418 седиша веќе е многу за Битола, освен за премиера“, рече директорот Јерчиќ.

 

Ваквата колетивна реалност не влијае врз промената на репертоарот зашто и понатаму се играат по 22 претстави месечно, а од Народниот театар сепак се задоволни од посетеноста и велат дека е на рангот на другите поголеми театри во земјава.

„Ние сме театар кој следниот месец од 28 дена ќе имаме 22 претстави на репертоар, тоа е една сериозна бројка во однос на тоа колку во градот нема луѓе. Ние сме многу задоволни и од тоа колку е овој театар посетен во последниот период зашто на голема сцена имаме околу 200 луѓе скоро секоја вечер и тоа е сериозен просек. Сериозно парираме со големите татарски куќи во земјава“, рече Илина Чоревска, уметнички директор.

Новата премиера „Детето сонува“ по текст на Ханох Левин во режија на Израелецот Итан Дорон која на сцена ќе биде поставена во сабота, ги обработува токму човечките судбини на бегалците, на оние кои заминуваат од својот дом, на луѓето со недосонуван сон. Текстот бил пишуван по вистинска случка од 1939 година кога Евреите се обидувале да ја напуштат Европа , но секаде им бил забранет влезот. Во претставата бегалците не се врзуваат со некоја конкретна војна, но претставена е нивната голгота.

„Содржи мошне црн хумор за да се почувствува понижувањето како е да си личност во овој свет. Претставува една политичка сатира, мошне прецизна, остра и радикална. Оваа претстава е всушност сон што се разоткрива. Претставата е патување на мајка и дете откако таткото е убиен, а тие се протерани од куќата откако доаѓа војската и се обидуваат да најдат прибежиште, да си го вратат иденитетот. И во светот се она што го гледаме околу нас, со кризата на бегалците, со многуте луѓе кои ги напуштаат своите домови, важна е реакцијата на театарот на сето ова и сликите што ги поставуваме на сцена“, рече режисерот Дорон.

Улогата на детето ја играат пензионираниот актерт Борис Чоревски и 13 годишниот Ангел Мицевски, син на Благој Мицевски, костимограф и режисер во Театарот. Поради ваквата позиција таткото Мицевски рече дека се чувствувал како Роберто Бенини во филмот „Животот е убав“.

Во изведбата на претставата вклучен е целиот технички персонал Театрот засилен со нововработени. Минатата година имало 12 вработувања како помошен технички кадар и администрација. Годинава со измените на систематизацијата ќе се вработат и актери. Вкупната бројка на вработени во Народниот театар во Битола е 87.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани