2win800x200

За почиста и зелена Битола ќе се ангажираат уште 15 работници на пет месеци

Јануари 23, 2019

Со цел почиста и зелена Битола јавните претпријатија во општина Битола во следниот период имаат потреба од работно ангажирање на дополнителен број извршители. Се предлага работно ангажирање на 15 лица со ниско и средно образование за пет месеци. Одлуката треба да биде донесена на седницата на совет во вторник, идната недела.

 

Според иформациите во материјалите доставени за седницата, ангажирањето на извршители е за дополнителна помош заради зголемена интензивност во делот на одржување на јавната чистота, подигање на нови зелени површини и одржување на веќе постоечките, поставување на дополнителна комунална опрема (корпи за отпадоци, клупи, детски реквизити) во населби (селски и градски месни заедници) кои не се опфатени со усвоените програми, како и за уредување на слободни запуштени површини. Дел од активностите се предвидени за одржување на веќе засадените елки.

Со предвидените активности ќе се опфатат следниве урбани заедници

1.Баирска населба- МЗ Димитар Влахов;

2.Брусничка населба;

3.Лавчанска населба;

4.Боримечка населба;

5.населба Недопирливи;

6.нас.Стрчин;

7.Јени маале;

8.Маџар маале;

9.нас.Стрелиште;

10.Буковски ливади;

11.Областa;

12.Ремо

13.Останати населби (селски урбани средини).    

Ќе се изведуваат активности на генерално чистење со метење, миење чистење на улиците од наноси на земја, собирање на расфлени отпадоци, чистење на мини депонии и друго.

Финансиски средства за плати на 15 ангажирани работници ќе се обезбедат од буџетот на Општина Битола. За извршување на задачите на јавните работи на работникот ангажиран на овие работи ќе му се исплати во нето износ од 11.940,00 денари за полн фонд на работни часови во тековниот месец.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани