2win800x200

ГРК ПИШУВАЛ ГРАМАТИКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Јануари 26, 2019

Грчкиот комунист Пантелис Пуљопулос, кој пишувал статии за македонското прашање, напишал и граматика за медонскиот јазик, која за жал не сочувана.

 

            Некогашниот истакнат грчки комунист Пателис Пуљопулос (1900-1943), генерален секретар на Комунистичката партија во Грција меѓу двете светски војни, пишувал статии за македонското прашање, а исто така и граматика за македонски јазик, напишал историчарот д-р Александар Литовски во книгата „Одбрана на македононизмот“. Пуљопулос во минатаото јавно ги побивал грчки ставови за непостоење на македонски народ, поради што бил и затворан.

            -Иако бил чист Грк, тој во затворот Акронавплија на полуостровот Пелопонез во ’40-тите години од минатиот век, како полиглот кој зборувал осум јазици, живи и мртви, го научил и македонскиот јазик и дури се обидел да направи македонска граматика. Овие сознанија останале од Македонци комунисти кои биле со него во логорот и му давале податоди за јазикот. Но, во 1943 година бил стрелан и остана тајна колку напишал, а граматиката до денес не е пронајдена- вели Литовски.

            За разлика од граматиката за која не е пронајдена, зачувана е неговата статијата „ Македонското прашање и комунистите“ што ја напишал во затвор, а била објавена во партиското гласило „Ризоспастис“ во Грција во 1940 година. Статијата содржи седум точки во кои македонскиот народ го претставил како посебен и јавно го бранел правото за негово егзистирање и самоопределување.

            Во првите точки од статијата Пуљопулос навел дека „оној кој не го признава постоењето на македонското прашање, оној кој не го признава историското ослободително двжење на Македонците тој е или неписмен или лекеј на некоја од угнетувачки буржоазии“.

            Во 1925 година Пуљопулос и други комунисти истакнале парлола за независна Македонија, поради што биле изведени пред суд од страна на власта на Теодорос Пангалос. За да избегнат смртна пресуда, Коминтерната ги советувала да ја повлечат паролата. Но, Пуљопулос ги отфрлил советите и повеќе од четири часа во судот го бранел правото на националните малцинства самите да решаваат за својата судбина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани