2win800x200

Лежи, лебу, да те јадам, практика на битолски советници

Јануари 28, 2019

Онаа народната „Лежи, лебу, да те јадам“ наголемо, надолго и нашироко се практикува во битолскиот Совет.

 

Некои советници и по повеќе од една година од конституирањето на Советот досега не нашле ни потреба, ни начин како да се оправдаат пред јавноста и да кажат барем збор-два од советничката говорница.За волја  на вистината зборувале или не, советниците секој месец земаат по 15 000 денари хонорар. Пари кои во овие услови не се за потценување, а покрај хонорарот ќарат и низа други привилегии .

Советникот од  ДУИ Бурим Керими го носи бајракот меѓу советниците од власта кој воопшто не кажал ни збор од советничката говорница , ниту од место на микрофон не „зуцнал“. Керими удобно сместен на послениот ред  од советничките клупи единствено што практикува е да дигне два прста тогаш кога власта го очекува неговиот глас. Но за жал во пасивноста Керими не е осамен , тука  се уште неколкумина советници од власта кои станале  на говорница еднаш до двапати и тоа во  ситуации кога се „морало“ , како на пример советниците Веселин Талевски и Славе Најдовски, а ништо поактивни не биле ни Елизабета Тодоровска, Влатко Шеровски, Зоран Ѓоргиев...

Ништо поодговорни не се ниту  дел од советниците од опозицијата, од таму воопшто на советничката говорница не се појавил Горан Михајловски советник од Социјалистичката партија иако го тера петтиот мандат во Советот, освен што довикува од место за друго јавноста не го чула. „Тежок на станување “ е и советникот од  ВМРО-ДПМНЕ Александар Мирчевски ,а дел од   опозиционерите говорница ја искористиле само да го прочитаат брзо-брзо напишаното советничко прашање до градоначалничката Нашата Петровска и толку,пак да се сместат назад во фотелјата.

Инаку во  битолскиот Совет официјално не водат евиденција кој советник колку бил активен и колкупати во својот мандат ја искористил советничката говорница, иако тоа е лесно да се утврди по стенограмите.

Сепак граѓаните на Битола имаат очекувања од нивните претставници во Советот кои покрај тоа што треба да покажат повисоко ниво на политичка зрелост, свест и култура, треба да покажат и одговорност и резултати кон тие што ги гласале.

Sednica na sovet 05

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани