2win800x200

Опозицијата обвинува Битола пак останува без превоз, власта се брани одлука ќе има на почеток од февруари

Јануари 29, 2019

Со почетокот на второто полугодие, повторно на седница на Совет се актуелизира темата со бесплатниот школси превоз. Од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека прашање е дали по 18 февруари ќе има линиски превоз и обвинија дека до крајот на март учениците ќе бидат без бесплатен превоз. Од локалното мнозинство предводено од СДСМ возвратија дека експертска група работеше за решавање на проблемот, па во тек е тенерска постапка и дека во почетокот на февруари ќе има склучени договори со превозни фирми.

 

„Во делот на линискиот превоз отказниот рок на постоечките договори со превозниците е во тек. И последниот важечки договор е до 18 февруари. Веќе имаше отворен јавен повик во Општина Битола со краен рок за отворање на понудите на 25 јануари, а сега продолжен е рокот до 31 јануари. Имајќи во предвид дека 45 дена ќе бидат потребни за разгледување на документацијата носење на одлука за избор, постапување по жалба, склучувањена договори, правосилност, па дури потоа склучување на договори со училиштата, прашањето е дали после 18 февруари ќе имаме линиски превоз во Битола и за учениците“, обвини Иванчо Тошевски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.20190129 1058030

Тој рече дека не е решен проблемот со училишниот превоз до населените места околу Битола како што е Буково, Лавци, сите потпелистерски села, соседните општини Новаци, Демир Хисар, Крушево, па дел од учениците не одат на училиште.

„За сите овие училишта отворена е постапка за јавна набавка на 24.01 2019 година со краен рок за поднесување на понудите до 13.02 што е повеќе од сигурно дека до крајот на март ќе нема превоз за учениците“, рече Тошевски. Тој уште праша зошто училиштата не ги плаќаат обврските кон превозниците од септември до денес, за што се закажани и судски рочишта?

Методија Илиевски, координатор на советниците од СДСМ и коалицијата изјави дека во моментот има тендердска постапка чиј краен епилог ќе биде за скоро и ќе донесе дефинитивно решавање на проблемот со превозот во Битола.

„Дел од изнесените обвинувања се вистини, а дел се само шпекулации. Не можам да кажам дека има проблем, туку има некаква ситуација во која има потешкотии во функционирањето на превозот со ученици и патници во општина Битола. Како што кажав во изминатиот период експертска група работеше на тој проблем. Донесовме ние неколку одлуки на седници на Совет со цел забрзано да се реши превозот со патници и ученици во нашиот град. Моментално трае тендерска постапка која за брзо треба да има епилог, кои превозници ќе ги заземат кои линии и на кој начин дефинитивно ќе биде решен превозот во нашиот град. До крајот на овој месец и почетокот на февруари ќе ги имаме склучените договори“, рече Илиевски.20190129 122818

Од општина Битола соопштија дека ќе го субвенционираат превозот до руралните средини со што ќе овозможат поголема достапност на овие населени места до градот Битола. „Се очекува со предлогот за субвенционирање превозниците да имаат поголем интерес и да возат во текот на целата година, а не само во текот на учебната година. На седница на Советот на Општина Битола е донесена одлука субвенционирањето да биде 7 денари по изминат километар, а километрите до руралните средини дополнително ќе се утврдуваат.  До 31 јануари трае Јјавниот повик за поднесување на понуди за доделување на пакет линии за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Битола и субвенционирање на линиите до руралните средини. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 01.02.2019 година“, соопштија од Општина Битола.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани