2win800x200

По протестот, работниците од ЗК „Пелагонија“ денеска добија дел од остатокот од ноемвриската и цела декемвриска плата

Февруари 01, 2019

Целата декемвриска плата и дел од остатокот од ноемврската плата попладнево им е исплатена на вработените во ЗК „Пелагонијата“, откако денеска излегоа на протест.

 

Работниците утрово на протест се пожалија дека работат по 12 до 14 часа на ден, а во февруари не им  ја доисплатиле ни ноемвриската плата.

Тие излегоа  со барање под итно да им се исплатат заостанатите примања за ноември и декември, што се случи само по неколку часа од протестот, иако работниците на газдите им дадоа  рок до среда.

Работниците се пожалија дека три години немаат земено К-15, а не им даваат ни општествена исхрана.

Павле Цветановски, финансов директор најави по протестот дека на околу 500 работници денес ќе им се исплати дел од остатокот за ноемвриската и цела декемвриска плата. Но, сепак неисплатена ќе остане една третина од остатокот од ноемвриската плата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани