2win800x200

Заедно со граѓаните се избираат проекти за одржлив и инкулзивен рамномерен регионален развој во Пелагонија

Февруари 08, 2019

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го одржа првиот форум од серијата на четири регионални форуми за идентификација на проектните идеи за грантовата шема која е дел од проектот „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“. Овој проект финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој SDC.

„Согласно насоките од грантовата шема, областите на интервенција во оваа програма се животна средина, социјална инклузија, бизнис инфраструктура и туризам. На овие регионални форуми претставниците од граѓанскиот, невладиниот, образовниот и бизнис секторот ќе имаат можност преку транспарентен и партиципативен процес да предложат, а на крајот и да донесат проект во износ околу 80 000 евра кој треба да ги исполнува критериумите и барањата на донаторот , а воедно и потребите на регионот“, изјави Гого Видимче, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

51791331 248896082663232 7709575049186902016 n

Од форумот треба да произлезат три квалитетни проекти, кои ќе му се понудат на донаторот. Оној што ќе го избери донаторот, ќе треба да се реализира уште годинава. Со реализацијата на прокетот ќе се придонесе кон развиеноста на рамномерниот регионален инклузивен развој.51527924 288408271844672 8779014875029438464 n

51727761 622231061536369 5479375059824934912 n

51562097 634711943631355 2148155599928426496 n

51858171 312779079585607 7550598372323753984 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани