Нула денари за фестивалот на Монодрама, директорката Маја Андоновска Илијевски со коментар „Министерство, јас не сум магионичар!''

Февруари 08, 2019

По 20 години опстанок, постои опасност да згасне Интернационалниот фестивал на монодрама што со години традиционално  се одржуваше во Центарот за култура во Битола.

Годинава фестивалот не доби ни денар финансиска поддршка од Министерството за култура. Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски на својот фејсбук профил реагираше:

„21 година Фестивал на Монодрама, член на интернационален форум One man show под УНЕСКО, оваа година не доби средства во годишната програма на Министерството за култура. Прво мислев дека неможам да го најдам, потоа дека е некоја грешка во објавувањето на програмата... Значи на крај е сепак 0 денари“.

 

Исто така и Фестивалот „Илинденски денови“ годинава е повторно со скратен буџет.

„49 години Илинденски денови, најстариот фестивал во Републиката за фолклорни песни и игри, член на CIOFF, кој е дел од 100 најдобри фестивали на светот, оваа година е повторно со скратен буџет. А Битола во таа фестивалска недела прима над 1000 гости од земјата и светот, и сите поголеми угостителски капацитети на градот се во служба на фестивалот“, реагира директорката.

Таа искоментира дека и единаесетото издание на Фестивалот на музика од светот останува со буџет како лани -помалку од незадоволителен!

„Министерство, јас не сум магионичар!
Јас сум уметник и директор кој сака да работи без скршени крила!“, напиша Андоновска Илијевски на фејсбук.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани