Општина Битола ги почна процедурите за преземање на „Градски паркинзи“ од „Стентон градба“

Февруари 26, 2019

Општина Битола ги почна процедурите за формирање на јавно претпријатие кое ќе стопанисува со паркинзите во градот. Истекува рокот од договорот на „Градски паркинзи“ на фирмата „Стентон градба“ да управува со паркинзите, а тоа значи дека парите од паркинзите од налето ќе влегуваат во касата на општината и ќе се трошат за потребите на градот.

 

-Правните служби во општината, во моментот работат на подготовки согласно процедурите за формирање и функционирање на јавно претпријатие, а после подготовката на соодветната документација, постапката ќе продолжи во Советот на Општина Битола. Врз основа на член 70 од Статутот на Општината Битола („Службен гласник на Општината Битола“ бр.10/05 и 17/08), Советот на Општина Битола на седницата одржана на 07.09.2018 донесе заклучок за усвојување на иницијативата за започнување на постапка за основање на јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола, информираат од Општина Битола на прашањата поставени од апла.мк.

„Стентон градба“ со паркинзите управува шест години откако бившата власт предводена од Владимир Талески склучи договор на 24.06.2013 година.Тој договор истекува на крајот на јуни годинава.

Од воведувањето на платениот паркинг  во изминатите години битолчани не видоа значајни промени на подобро во однос на условите на паркирање, надминување на проблемите со паркинг места во градот и воопшто сообраќајниот хаос, по што често и јавно фирмата  која се уште стопанисува со паркинзите беше изложувана  на критики.

bezzz

Сега од општината се очекуваат измени во начинот на работа со паркинзите што ќе бидат позитивни и во интерес на граѓаните, особено што обвинувањата одеа дотаму дека  цената која ја наплаќа концесионерот е надвор од одлуката која ја донел претходно Советот на Општина Битола, односно 30 денари паркирање за 2 часа и плус 10 денари за секој нареден час, а дека се наплаќа  30 денари паркирање за 2 часа, и плус 30 за секој нареден час. Битолчани, пак на социјалните мрежи покренаа иницијатива за укинување на платените паркинзи во општината.

-Начинот на организација и функционирање на новото јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање ќе бидe одреден откако ќе биде донесена одлука за формирање на претпријатието од страна на Советот на општина Битола, а со тоа и донесувањето на актите и правилниците за организација на паркинг просторот. Исто така, цените на паркирањето ќе бидат одредени од страна на Советот на предлог на органите на јавното претпријатие, кое ќе стопанисува со паркинг просторот, велат од општината за апла.мк.

Што ќе биде со сега вработените во „Градски паркинзи“, дали ќе има измени во тој дел, евентуално  отпуштања или нови вработувања, допрва ќе се знае.

-Ангажирањето на потребниот кадар ќе биде согласно законските одредби и согласно потребите на јавното претпријатие, при што ќе бидат земени предвид и искуствата на лицата кои ќе бидат ангажирани, напоменуваат од Општина Битола.

Во октомври лани договорот со “Градски паркинзи“ на фирмата “Стентон градба“ и Клиничка болница Битола беше експресно раскинат и во најбрз можен рок  Битолската болница  паркингот  го презеде во целост.

bezzz 2

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани