2win800x200

Од првите дрвени германски скии до алпски купови на Пелистер- традиција во скијање подолга од 75 години

Март 01, 2019

Утре Ски центарот „Копанки“ на Пелистер е домаќин на два истовремени настани „Пелистерскиот велеслалом“, традиционален алпски куп за деца од 6 до 16 години, во организација на Агенцијата за млади и спорт со техничка поддршка на Ски клубот „Пелистер“ и  хуманитарниот ски - настан со мото: „Излези од маглата и дојди на О2 "во организација на Ротаракт Клуб Скопје-Центар. Двата настани почнуваат во 10 часот.

 

Хуманитарниот Ски Куп е од отворен тип за сите граѓани. Средствата кои ќе бидат собрани на овој настан ќе бидат наменети за Ски клубот ,,Пелистер,, со што ќе им се набави соодветна опрема за тренирање на младите скијачи.

Голем број купови и други ски настани се одржале на Пелистер во изминатите години. По тој повод го пренесуваме и сеќавањето на битолските скијачи ветерани за почетоците на скијањето на Пелистер.

Имено, скијањето на Пелистер почнало со германски дрвени скии.дрвени стари скии

Првото скијање на Пелистер „паднало“ со германски скии изработени од дрво. Вака на зачетоците на скијањето во првиот нацинален парк во земјава, Пелистер, кои воедно се бележат и како почетоци на овој спорт во Македонија, се сеќаваа искусните битолски планинари Перко Атанасовски и Пеце Маричо.

- Првите скии ги добивме од Германците. Поточно од скиорска единица која беше тука за време на Втората светска војна. Кога заминаа, оставија склад со скии. Како деца влеговме во складот и изграбавме скии. Што би се рекло цела Битола ја снабдивме со скии. Имаше преку 300 парчиња. Некој пар пуштивме за Крушево, дел за Скопје, така што од тука почна скијањето. Скиите беа дрвени, наменети за воени услови, но за нас беа вистинско богатство –раскажуваше Атанасовски.

Во тоа време немале ни каде да ги научат техниките на скијање. Но, љубопитноста ги терала да се спуштаат, па дури и со ризик да се повредат. На ваков опасен начин, првите битолски скиори ги направиле почетните спустови.

-Поголем број на деца се снабдија со тие скии. Малку доаѓаа на Пелистер, а другите по ридовите се скијаа. Не знаевме како да се скијаме, се спуштавме по ридовите, каде што ќе застанеш таму, немаше тогаш техники. Дури после десет години научија луѓето како да се скијаат- раскажуваше Атанасовски.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани