2win800x200

Ниту во Битола мајмун не мора да игра!

Март 09, 2019

„Ниту во Битола мајмун не мора да игра  –твојот пријател од Битола“, токму ваква порака беше закачена деновиве  на еден од електричните столбови кај Гроздот во центарот на Битола.

 

Битолчани застануваа читаа и се чудеа за кого е наменета пораката која убаво и јасно со ракопис беше испишана на бел лист хартија. Минувачите нагодуваа дали можеби повторно се разбудило ривалството меѓу битолчани и прилепчани или пак е порака до некоја прилепчанка или можеби прилепчаниц  кои се дрзнале да изневерат  наш сограѓанин. Некои, пак бараа политика во оваа порака.

Сепак битолчани инспирацијата за оваа  порака ја видоа  во онаа народната „Во Прилеп мајмун не игра“ кога некогаш, во минатите времиња, прилепчани надмудриле и еден мајмун, извежбан за изведување разни трикови.

Се раскажува дека некој прилепски мајтапчии дупнале еден лешник, го испразниле, внатре пикнале една oca и почнале на мајмунот да му фрлат лешници и да викат да ги изеде. Мајмунот го дочекал в уста фрлениот лешник, го скршил и осата што била внатре во лешникот го каснала мајмунот за јазикот. По извесно време, откако му оздравела устата на мајмунот, стопанот, не знаеќи дали осата случајно или намерно била ставена во лешникот, повторно дошол во Прилеп да го забавува прилепскиот народ. Почнал мајмунот со неговите вештини, рипни овде, рипни онде, а гледачите се смееле. Некој побарал мајмунот да се качи на стапот што го држи стопанот, мајмунот го сторил тоа, додека некој прилепски мајтапчија  донел свој стап, на едниот крај од стапот закачил една теловна боцка, го поканил мајмунот да се качи. Мајмунот, незнаеќи што го чека, рипнал, се качил на стапот, седнал и со боцката се набодил во задникот. По ова , мајмунот повеќе пати доаѓал во Прилеп и никогаш повеќе не се качувал на стапoт. Сите велат мајмун во Прилеп не играл затоа што немало кој стапот на мајмунот да му го држи, додека, пак, мајмунот велел обратно:
-На мајмуни не сакам циркус да му кажувам, слези-качи се на стапот.

majmun 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани