Баба Марта со сто ума

Март 12, 2019

На десет дена пред почетокот на пролетта, и после сончевото и топло време со температури до дваесетиот степен, денес Баба Марта донесе снег во градот под Пелистер и температури под нулата. Утрово во Битола беа измерени минус два сепени Целзиусови, а дневната температура се искачи само до четвртиот степен над нулата.

 

Утре се очекува постабилно и облачно време со ниски утрински температури до минус 2 степени, а дневни до осум, во четврток пак, не очекува дожд и пораст на утринската температура до нула степени.

Не ретко се случувало во март да падне снег, па народот често знае да каже дека Баба Марта е со сто ума, при тоа укажувајќи на променливото време.

Според народните верувања, изразот Баба Марта настанал како персонификација на месецот март и неговата променлива природа со непредвидливи метеоролошки појави.

Според легендата, баба Марта првпат се разгневила кога римскиот крал Нума ѝ го одземал местото на прва дама во календарот, додавајќи пред неа уште два месеца. Старицата во еден момент станала гневна и во март испратила на земјата студ, а во друг момент топлина, односно пролет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани