2win800x200

На Талески почнаа да му течат актерскиот стаж и плата

Октомври 31, 2017

На битолскиот екс градоначалник Владимир Талески веќе му течи стажот како да е актер, дознаваме од извори во театарот. Правната служба веќе го пријавила на старото работно место и се очекува дури да земи плата за последните денови од месец откомври откако е пријавен како вработен актер..

 

Од Битолскиот народен театар велат дека Талески деновиве веќе се појавил во театарот. Запрашани дали веќе го пријавиле, ни рекоа дека таква е процедурата и кај него и кај други случаи кои откако им истекле раководни функции, се вратиле на местата кои му биле во мирување и биле пријавени за придонеси. Од таму додаваат дека овие вработени го наследуваат и коефициентот на платата што го имале претходно кога местото му било ставено во мирување.

Талески пред да стане градоначалник на Битола, 22 години беше актер, а во последниве 12 години го водеше градот и беше настрана од актерските води.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани