2win800x200

СОНЧЕВИОТ ЧАСОВНИК ВО БИТОЛА ГО ИЗГРАДИ ЅВОНКО РИСТЕВСКИ ПО ПРОЕКТОТ НА ЕВРЕИНОТ ГРУМБЕРГ

Март 16, 2019

Сончевиот часовник што ќе се поставува на Еврејските гробишта, висок шест метри со дијаметар девет метри, од два тона железо и 90 монтирани делови го изгради градежниот инженер Ѕвонко Ристевски од Битола.

Тој работеше напорно по проектот што го подготви и во вид на цртежи и макети му го прати познатиот уметник Мати Груберг од Израел. Инаку Грумберг е последното родено Еврејче во земјава пред самата депортација кое го преживеало Холокаусотот. Со овој споменик гробиштата во Битола ќе станат Парк на живи сеќавања, а часовниот кој има жолта боја, како ѕвездата што ја носеле Евреите за Втората светска војна, ќе биде зрак светлина.

„Ова е предизвик да се направи. Не е едноставно. Цевките тешко се виткаат, се сечат на цмц плазми. Јас го добив како цртеж и макета, па ги правев деловите. Беа потребни месец и половина за да се изработaт, а за да се монтираат едан недела. Ги направивме во фирмата ‘Пет Битола’ и во дворот со вилушкар го монтиравме за да може еврејската делегација да направи увид. Дојде и астролог од Америка го постави свртен кон ѕвездата Северница“, раскажува инженерот Ристевски.53648574 355883505261172 2327930823426179072 n

Часовниот ќе го мери времето од седм часот наутро до 17 попладне, односно додека има сонце. Сенка од една цевка ќе паѓа на броевите монтирани во горниот дел. За да се постави на Еврејските гробишта треба да се доврши постаментот.

„Да се однеси на Еврејски гробишта ќе може само со трактор. Треба да биде расклопен на делови помали од 4 метри, да се извадат сите штрафови, сите делови кои ги има околу 90. Таму ќе мора скеле да се постави и да се монтира“, додава Ристевски.

Инаку уметникот Грумберг што го проектираше  часовникот бил роден во скопско село на 4 март 1943 година, само неколку дена пред депортацијата. Неговата баба Дона Ками ѝ предложила на својата ќерка Бела Грумберг од Скопје да се преселат во едно од околните села каде има почист воздух и поздрава храна, за таа таму да се породи. Бела заедно со сопругот Лео и нејзината мајка се преселиле во скопско село и таму се родил Мати.

„Имаше христијанско семејство со млин за брашно, а татко ми беше инженер. Тие му рекоа 'доколку успеваш да го оджуваш млинот да работи и да меле брашно, ти ќе бидеш наш работник и ние ќе те сокриеме'. И така се спасивме. По војната заминавме за Израел“, раскажа Грумберг при посетата на Битола.

Тешкиот животен пат што го поминал го натерал во светот да внесува светлина преку сончевите часовници. Досега по негови прокети поставени се вакви часовници во Ерусалим и Њујорк, но со помали димензии. Ерусалимскиот бил направен во Кина, а за Мати било важно споменикот за Битола да биде изработен во неговата родна земја.metodija tumulevski

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани