2win800x200

На прагот на пролетта, лето во Преспа – полнo туристи, но и коли меѓу шетачите

Март 17, 2019

Календарски уште сме зима, пролетта започнува за неколку дена, а во Преспа како да пукнало лето. Температурата се искачи до дваесетиот степен и сите туристи што викендов ја посетија Преспа уживаа крај езерото по куси ракави.

 

Паркинзите во Претор беа преполни со автомобили, рестораните со гости, брегот и пешачката патека за Сливница и Крани со шетачи. Преспа, посебно Претор станува една од најчестите дестинации за посета на битолчани и ресенчани преку викенд и кога не е лето. Уживаат во воздушната бања, топлото време и прекрасните глетки. Само ѓубрето не е убаво во Преспа, расфрлено покрај патот.

Бидејќи местото заживува како шетачка зона, најдобро би било пешачката патека да се прошири и ограничи просторот до каде посетителите можат да се движат со автомобил, како што порано беше во Свети Наум. Да се воведе ред до каде е дозволено да се возат автомобили зашто некои мрзливи посетители имаат лоша навика со колите да минуваат крај шетачите, меѓу кои има родители со бебешки колички, деца на ролери, велосипеди и други гости кои дошле за парче раат, а не на секои две минути да се тргаат настрана за да пропуштат по некој автомобил. Викендов автомобили возеа дури и на пешачката петека со бехатон плочки.54080443 2210311325964435 6737172755197722624 n

53863009 2208325999285710 2028059251951271936 n

54346735 786860738336328 867869361304502272 n

54395484 372779753313443 8033159946851844096 n

54516876 852155851782898 4652613083913519104 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани