2win800x200

Вратени синџирите на влезовите во Старата битолска чаршија

Март 19, 2019

Синџирите на неколкуте влезови  во Старата битолска чаршија кои не дозволуваат влез на возила на оваа локација утрово повторно се вратени на своето место.

ЈП Пазари преку фирма изведувач ги зацементира откорнатите метални столбчиња и ги постави синџирите за да не може секој еден кога сака да влегува со возило во Чаршијата, да врши дотур на стоки или да паркира. Ова значи дека синџирите ќе се спуштаат  во термините предвидени за дотур на стоки  од 6 до 9 часот наутро и од 17 до 21 часот навечер кога фрекфенцијата на пазарџии и минувачи е намалена.

car 1

Но, дуќанџии од околните дуќани кај  синџирот  од страната на Ат Пазар  и кај влезот во близина на дрвениот мост велат дека несовесноста и вандализмот на поединци  нема граници, па столбчињата и синџирите за кратко време ќе бидат срушени и откорнати.

Од ЈП Пазари напоменуваат дека забраната и протоколот за движење  со возила во Старата чаршија мора да се почитува за што побараа зачестени контроли од комуналната инспекција и полицијата која е надлежна за тоа.

Вчера апла.мк објави текст и фотографии на кои се гледа дека со камиoнчиња,  околу пладне  кога фрекфенцијата на пазарџии е најголема се блокира патот и се растовара стоката по дуќаните и кафеаните. Во исто време несовесени возачи паркираат низ уличките во Чаршијата каде не е дозволено паркирање на возила.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани